Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Караванот на теренската кампања на МЗШВ во Свети Николе, Лозово и селата Ерџелија,  Милино и Мустафино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Караванот на теренската кампања на МЗШВ во Свети Николе, Лозово и селата Ерџелија,  Милино и Мустафино
Агровести

Караванот на теренската кампања на МЗШВ во Свети Николе, Лозово и селата Ерџелија,  Милино и Мустафино

Објавено 17/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамките на теренската кампања низ целата држава, со цел земјоделците да ги информираме директно од терен за сите нови мерки и програми, да им ги објасниме чекорите како успешно да аплицираат на јавните повици и да им одговориме на сите прашања, денеска карванот го посети регионот на Свети Николе и Лозово.

Остварени беа и средби со земјоделци од селата Ерџелија, Милино и Мустафино, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тимовите од МЗШВ, АФПЗРР, АПРЗ и АХВ, денеска се истовремено на повеќе локации со цел да се опфатат што поголем број земјоделци и мали производители.

-Се одржуваат темелни информативни средби на кои детално се објаснуваат постапките за аплицирање на јавните повици кои се во тек, за грантови до 10.000 евра. Во моментов течат три јавни повици за финансиска поддршка: Јавен повик за мали винарии, Јавен повик за мали производители на храна од животинско потекло и Јавен повик за мали производитрли на храна од неживотинско потекло. За да можат да аплицираат на повиците, малите производители треба да се евидентираат како оператори со храна во АХВ, наведуваат од МЗШВ.

Според информациите на ресорното Министерство, интересот е голем, а најмногу прашања има околу чекорите за евиденција и како да аплицираат на јавните повици.

-Токму за таа цел, веќе две недели интензиво тече теренска кампања на повеќе тимови, со крајна цел да се одржат над 500 состаноци со земјоделци низ сите региони. Информациите се споделуваат и на веб страната на Министерството и на социјалните медиуми, што е многу важно за да допреме до секој земјоделец. Освен групните средби со земјоделци, реализирани се и неколку идивидуални посети на сточарски фарми, при што министерот Николовски и директорот Бачовски, лично ги информираа сточарите за исплатените субвенции и за новите мерки наменети за поддршка на сточарството. Остварена е и посета на рурални жени кои имаат мало производство за продажаба од праг и кои се потенцијални апликанти, додаваат од МЗШВ. Целта на теренските посети е да се мотивираат младите, руралните жени и сите производители од мал обем, да се евидентираат и да аплицираат на повиците за да добијат неповратна финансиска поддршка до 10.000 евра. Во наредните денови кампањата ќе продолжи во другите региони во државата, најавуваат од МЗШВ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Преспанското јаболко доби заштитена географска ознака со која се потврдува неговата автентичност
Следен напис Од недела стабилно време со пораст на дневната температура
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?