Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преспа на туристичката мапа на рурален агро-туризам: „Spirit of Prespa“ атракција за туристи од целиот свет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Преспа на туристичката мапа на рурален агро-туризам: „Spirit of Prespa“ атракција за туристи од целиот свет
Рурален Развој

Преспа на туристичката мапа на рурален агро-туризам: „Spirit of Prespa“ атракција за туристи од целиот свет

Објавено 03/02/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руралниот агро-туризам успешно се развива во Преспа, преку нови современи иницијативи на локалните жители. Овој крај изобилува со природни предуслови за развој на туризам. Главен приход на жителите на Преспа обезбедува земјоделието, односно производството и продажбата на јаболка. Но, има огромен потенцијал и за развој и промоцијата на агро-туризам, кој ќе ги зајакне локалната екомонија, ќе влијае на развој на руралната средина, обезбедување на дополнителни приходи на населението и ќе отвори можности за поголема регионална соработка.

Целта е Преспа да стане активна на туристичката мапа за рурален агро-туризам.

Овошната фарма „Spirit of Prespa“ во Царев Двор, во последните две години стана пример за успешен агро-туризам, привлекувајќи стотици посетители само во една сезона, од кои доминираат странските туристи. Примерот на оваа лична иницијатива, со единствените и уникатни настани во Преспа, се почеток на развој на овој нов вид на туризам во нашата држава, кои се очекува да привлече голем број на туристи во регионот.

Ана Лабор, сопственичка на фармата, која е прва од отворен тип во нашата земја, вели дека нејзината љубов кон Преспа и желбата да го промовира регионот, придонеле за создавањето на брендот „Spirit of Prespa“ . Постои во семејството повеќе од 60 години, а тие се петта генерација сопственици. Бавчата има 5 хектари , каде гостите имаат можност да се запознаат со одгледување на јаболка и цреши, да пробаат традиционална храна, подготвена од Здружението „Рурални жени од Преспа“, и да купат производи од нивната домашна продавница, која е снабдена со продукти од неколку семејства од Преспа.

„Во 2017 сфативме дека на фармата и е потребна диверзификација за да може да биде оддржлива. Направивме истражување и следејќи ги трендовите во Америка и Европа, се одлучивме да се ориентираме кон агро-туризам. Започнавме да правиме настани од типот pick-your-own-fruit во 2018. Започнавме со берење на цреши во јуни, потоа сливи во август и завршивме со јаболкоберот, кој се оддржа во септември и октомври. Во 2019 започнавме да соработуваме со неколку туристички агенции и среќни сме што сме дел од нивните тури, а одличните препораки ни донесоа уште повеќе туристи. Сезоната ја затворивме на 13 ноември со јаболкоберот, со кој заокруживме повеќе од 750 гости за 2019 година“, вели сопственичката Лабор.

Според сопственичката на „Spirit of Prespa“, земјоделието е она што знаат најдобро да го работат, а работат и на регионално поврзување, односно можноста нивните настани да бидат поврзани со многу други настани во регионот, со што ќе привлечат туристи. Инаку, концептот на оваа туристичка понуда ја осмислиле така што гостите имаат можност да ја посетат Преспа, да бидат земјоделци на еден ден и да пробаат традиционална храна и пијалоци. На ваков начин ќе се привлечат туристи, кои ако ги има во поголем број во Преспа, поголемо ќе биде влијанието врз економско зајакнување врз руралната заедница, а со тоа и економијата. Сопствениците велат дека има услови за развој на овој вид туризам, потребни се инвестиции во селските домаќинства и креирање на атрактивна туристичка понуда, она што го имаат и го знаат да го адаптираат на современите барања на туристите.

Ова е еден пример и лична иницијатива на тоа како може да се развива руралниот туризам преку нешто поинакво. Ана Лабор се надева дека ќе инспирира и охрабри и други да почнат нови иницијативи за да креираат богата туристичка понуда за рурален агро-туризам и атракции во Преспа.

Спецификата на овој вид туризам е да се доживее духот на руралната средина, начинот на здрав живот, храната, домашното производство, допир со природата.

„Ги пречекуваме гостите со традиционално кафе, домашни колачиња направени од сезонски овошја и вкусен свеж домашен сок од рози, бозел или овошен. После нашето топло добредојде и запознавање со гостите, ја започнуваме прошетката во фармата. Секој гостин добива брендирана тоте торба која ја користи за да си собере сам овошја од дрвјата, а децата добиваат безбедно и незаборавно возење на тракторската приколка и раскажуваме приказни и легенди за Преспа, а потоа играат игри со јаболка. Ние го поминуваме времето заедно со гостите, за да го пренесеме целото искуство за одржувањето на фармата, производството на јаболка, цреши, тикви и да им дадеме информации за Преспанскиот регион. Денот завршува со враќање назад во дворот каде сите се собираме околу трандиционалната храна и пијалоци. Гостите имаат можност да пробаат традиционално ѓомлезе и домашно сирење, циронки, гравче тавче, питулици со лук и други специјалитети и сами да си направат ладно цеден сок од јаболка. На крај ги послужуваме со домашна јаболкова и црешова ракија, како и дегустација на ликерите на мама Виолета“, раскажува Лабор.

Потребно е активно да се работи на поддршка и искористување на потенцијалот на овој регио. Сопствениците на „Spirit of Prespa“ потенцираат дека е време Преспа да се разбуди и да ги понуди своите убавини на туристите. Од планинарски велосипедизам, качување по карпи и планинарење, до off-road скиење и сноубординг, набљудување на птици, посета на стари цркви, пливање и параглајдинг. Сето тоа, надополнето со традиционална храна од локалните домаќини, како уште една можност да се збогати понудата за секој турист во Преспа. Тие работат на постојано дополнување на понудата,нови тематски денови, планираат нови проекти, инвестиција во изградба на објект за сместување на гости во самиот овоштарник идр., бидејќи се потврдува дека има огромен интерес од страна на туристите.

Природата дала огромна предност на овој регион, обиколена со два Национални паркови, Галичица и Пелистер, го дели Преспанското Езеро со Грција и Албанија и го има островот Голем Град, единствен во нашата држава.

Руралниот туризам е во тренд низ целиот свет, а нашата држава има многу да понуди. Секој регион во Северна Македонија има уникатна приказна, топла гостопримливост и прекрасни пејзажи.

Успешната приказна на „Spirit of Prespa“ е само едно од можните сценарија за промовирање на руралниот агро-туризам во државава, кои го одземаат здивот и кои може да направат секој турист да се вљуби во Преспа и да се врати повторно.

Може да ви се допадне

Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона
Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија
Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
Трипуновски: Министерствата за земјоделство и економија утре ќе имаат заеднички состанок со увозниците на вештачки ѓубрива за носење конкретни мерки
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Таг:гостиекономијарурален развојспирит оф преспатуризамтуристи
Претходен напис Развојот на земјоделството во Романија има позитивен тренд, но нема работници
Следен напис Рецепт за сок што го подобрува расположението
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?