Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Премиерот Ковачевски на вториот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Премиерот Ковачевски на вториот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
Магазин

Премиерот Ковачевски на вториот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Објавено 16/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград. Ковачевски, кој е придружуван од министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски, ќе има обраќање на официјалното отворање на саемот.

На годинашниот саем се присутни над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ.

Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покра 74 претставници од земјава, ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија. 

Првиот саемски ден ќе биде од затворен карактер за професионални купувачи и високи личности. Меѓу нив ќе има и претседатели, премиери и луѓе од владите на земјите од Отворен Балкан и на други земји кои ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во рамки на посетата на Белград, утре премиерот Ковачевски ќе има средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура на Република Србија.

Дополнително, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

Минатата година на првото издание на саемот „Винска визија Отворен Балкан“  имаше 400 производители на вино и храна од над 22 земји, меѓу кои и 42 винарии од земјава, како и „Македонска вечер“ на која покрај лидерите од регионот беа присутни и голем број бизнисмени.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Албанија, Србија и Северна Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Белградвинска визија на отворен балканковачевскимеѓународен саем
Претходен напис Неизвесно усвојувањето на препораката на ЕК за продолжување на употребата на хербицидот глифосат 
Следен напис ЕУ ја одобри употребата на контроверзниот глифосат за уште 10 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?