Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Неизвесно усвојувањето на препораката на ЕК за продолжување на употребата на хербицидот глифосат 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Неизвесно усвојувањето на препораката на ЕК за продолжување на употребата на хербицидот глифосат 
Агровести

Неизвесно усвојувањето на препораката на ЕК за продолжување на употребата на хербицидот глифосат 

Објавено 16/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Франција ќе се воздржи од гласање и при денешното изјаснување за предлогот на Европската комисија за одобрување на употребата на спорниот хербицид глифосат и во наредните 10 години, најави францускиот министер за земјоделство Марк Фесно. 

Првото гласање по овој предлог на Комисијата се одржа зад затворени врати во Постојаниот комитет за растенија, животни, храна и добиточна храна на 13 октомври, но тогаш не беше обезбедено потребното квалификувано мнозинство за негово усвојување. И при тогашното гласање Франција беше воздржана. 

– Ако нема промена во предлогот, нема причина да го смениме мислењето, изјави Фесно за Франс Инфо. 

Пред изјаснувањето во октомври Франција соопшти дека се залага за намалување на употребата на глифосатот, но не и за негова целосна забрана. 

– Ние сме единствената земја во светот која ја намали употребата на глифосатот за 30 отсто, истакна Фесно, додавајќи дека овој хербицид се користи во сите европски земји затоа што нема алтернативи за него. 

Против предлогот на ЕК за продолжување на употребата на глифосатот во октомври се изјаснија Германија, Австрија и Луксембург, а се очекува да останат на тој став и при денешното изјаснување. Во таков случај, без поддршка од Франција, не ќе може да се обезбедат доволно гласови за усвојување на предлогот.   

Во студија на Светската здравствена организација (СЗО) од 2015 година глифосатот беше оквалификуван како „веројатно канцероген“, а во ново италијанско истражување изложеноста на овој хербицид се поврзува со појавата на леукемија. Од друга страна, десетина регулаторни агенции, меѓу кои и Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) сметаат дека ризикот оти глифосатот е канцероген е „малку веројатен“.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:глифосатЕКпрепоракатаупотребатаусвојувањетохербицидот
Претходен напис МЗШВ: Исплатени 211,6 милиони денари кон 3.397 земјоделски стопанства за остварено и продадено или складирано производство на пченица
Следен напис Премиерот Ковачевски на вториот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?