Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преку граѓанска наука НП „Галичица“ ќе го истражува растителниот и животинскиот свет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Преку граѓанска наука НП „Галичица“ ќе го истражува растителниот и животинскиот свет
Шумарство и водостопанство

Преку граѓанска наука НП „Галичица“ ќе го истражува растителниот и животинскиот свет

Објавено 25/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националниот парк „Галичица“ воведува нов пристап во истражувањето преку граѓанска наука, со вклучување волонтери во процесот на обезбедување нови научни сознанија, информира Ангела Тасеска, соработник за еколошка едукација во установата.

Според неа, интересот во јавноста е голем, а тоа го покажува бројот од над 30 пријавени кандидати.

– Граѓанската наука е нов пристап за спроведување на истражувања во системот на национални паркови со вклучување на јавноста во елементите на истражувачкиот процес, обезбедувајќи вредни научни сознанија и уникатно образовно искуство за учесниците. Националниот парк „Галичица“ ќе ја користи граѓанската наука во извршувањето на својата мисија со цел да ги зачува природните и културните вредности и да обезбеди уживање и образование за посетителите, појаснува Тасеска.

Улогата на волонтерите, појасни, ќе биде при секоја посета на Галичица доколку забележат некој од зададените растителни и животински видови, за кои претходно ќе бидат обучени, да го фотографираат и да достават фотографија до вработените во НП „Галичица“, односно до двајцата биолози, преку апликација за која ќе бидат обучени.

– Штом ја достават фотографијата до нас биолозите, веднаш ќе биде проверена дали се работи за точниот вид и доколку е потврдна информацијата ќе биде внесен во база на податоци, а волонтерите ќе можат да ја внесат во апликацијата со име и презиме, т.е. како контрибуција при мониторингот, истакна Тасеска.

Во рамки на актвиностите предвидени се работилници, од кои првата ќе се одржи на 26 јануари, кога ќе бидат претставени генералните информации за граѓанска наука. Каков е начинот на нејзино спроведување во странските земји, што значи Натура 2000 мрежа, кои видови ќе бидат мониторирани во текот на овој процес, какви следни активности ги очекуваат волонтерите и слично.

– Соработката меѓу научниците и волонтерите има потенцијал да го прошири опсегот на истражување и да ја подобри способноста за собирање научни податоци. Заинтересираните членови може да придонесат за добивање вредни информации додека учат за растителниот и животинскиот свет во нивните локални заедници, а може да се вклучи секој оној кој има желба да придонесе кон работата на НП „Галичица“, без претходно било какво научно познавање за растителниот и животинскиот свет, рече Тасеска, пренесува Оhridnews.

Тимот кој ќе ја реализира активноста е составен од двајца биолози, соработник за алтернативни активности, едно лице од чуварската служба и туристички презентер.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Охрид дел од македонската понуда на Меѓународниот саем за туризам во Белград
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид – ќе се проширува кредитната рамка
Таг:галичицаохрид
Претходен напис Зголемен водостојот на Охридското Езеро, повисоки водостоите на сите реки во земјава
Следен напис Утре попладне се очекуваат врнежи од снег низ цела Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?