Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преку Договорното производство на сончоглед „Кристал 1923“ обезбеди 10 000 тони домашна суровина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Преку Договорното производство на сончоглед „Кристал 1923“ обезбеди 10 000 тони домашна суровина
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Преку Договорното производство на сончоглед „Кристал 1923“ обезбеди 10 000 тони домашна суровина

Објавено 06/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договорното производство е најдоброто решение за земјоделците и откупувачите бидејќи на тој начин ќе има решен пласман и сигурна суровина.

Овој модел на производство не е нов, но стана актуелен кога се интензивираше соработката меѓу земјоделците производители на сончоглед и фабриката за масло „Благој Ѓорев“, со ново име сега „Кристал 1923“. Сериозноста на двете страни – земјоделците и откупувачот, заедно со поддршката од МЗШВ, доведе до резултати и три пати зголемено производство на домашен индустриски сончоглед.

-Лани откупивме 4 000 тони домашен сончоглед, но оваа година достигнавме 10 000 тони домашна суровина. Претходно склучивме договор со 230 земјоделски производители кои ни го продадоа својот род – ни изјавија од компанијата „Кристал 1923“ .

Годинава, ова договорно производство уште повеќе станува важно поради светската криза, најнапред од Ковид, а сега и од војната во Украина, најголемиот производител на сончоглед во светот. Се покажа дека домашното производство е најсигурно и токму затоа компанијата „Кристал 1923“ ќе продолжи и натаму да ги мотивира земјоделците да сеат сончоглед.

– Како и секоја година ќе склучуваме договори за откуп и следната 2023 година. Ние го инициравме враќањето на сончогледот на македонските ниви и нема дилема дека ќе ја продолжиме оваа мисија во интерес на сите – изјавија од „Кристал 1923“.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК БР.02/26: Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Неготино
Таг:договорно производствомзшвоткупсончогледсубвенции
Претходен напис Град Скопје – Утре јавен повик за линиите 20 и 22. За “Слобода Превоз“и “Макекспрес“ огласот не важи
Следен напис Денеска променливо облачно со слаб до умерен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?