Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Предлог на Европската Комисија: Пчеларите да добијат 180 милиони евра за период од три години


Буџетот за секоја земја-членка ќе зависи од бројот на пчелни семејства, известуваат од ЕК.

Бројот на пчели и пчелари во ЕУ се зголемува со текот на годините, што доведе до зголемување од 16% на производството на мед  во периодот помеѓу 2014 и 2018 година. Ова е еден од главните наоди во извештајот за спроведување на програми за пчеларство на ЕУ објавени од Европската комисија (ЕК).

 „Целосно го поддржувам зголемувањето на финансирањето на ЕУ за следната тригодишна програма за пчеларство од 120 милиони на 180 милиони евра, како дел од предлогот на Комисијата за предлог буџет за земјоделство“, коментира комесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

Извештајот дава преглед на секторот и спроведувањето на мерките за поддршка спроведени преку европските програми. Пчеларството се практикува во сите земји-членки, а ЕУ е втор по големина производител на мед во светот.

Извештај: „Со 17,5 милиони семејства што ги одржуваат 650 000 пчелари, во 2018 година ЕУ произведе 280 000 тони мед“.

ЕУ ги кофинансира програмите за пчеларство, кои се развиени на национално ниво и се спроведуваат за период од три години. Во 2017-2019 година, ЕУ издвои 36 милиони евра на годишно ниво, што представува двојно зголемување на националното финансирање. Во моментов е решено да се зголеми годишното финансирање на ЕУ кон пчеларите од 36 милиони евра на 40 милиони евра за периодот 2020-2022 година.

Буџетот за секоја земја-членка ќе зависи од бројот на пчелни семекства кој се утврдува врз основа на нотификацијата која се доставува до  ЕУ. Во однос на предлозите за Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) по 2020 година, комисијата предложи вклучување на програми за пчеларството во стратешките планови што тековно ги развива секоја земја-членка.

„Ова ќе го зголеми увидот во пчеларскиот сектор, истовремено обезбедувајќи го неговиот придонес во заедничките цели на ЗЗЗ, вклучително и во климатското поле“, се вели во понатамошниот извештај.

 Друг предлог е дека програмите за пчеларство треба да бидат задолжителни за сите земји на ЕУ кои ќе обезбедат континуирана апсорпција на средства и поддршка за овој сектор.

Извор : https://agri.bg/

Дек 19, 2019agrotim2
Кои критериуми носат најмногу бодови за мерката „Рурална жена“Сто милиони евра за енергетски ефикасни студентски домови и системи за наводнување

Напишете коментар Откажи одговор

19/12/2019 ФондовиЕвраопска комисија, Европски фондови за пчеларството, пчеларство568

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019