Прецизното земјоделство се темели на концептот „да се произведува повеќе со што е можно помалку вложување“ кое на крајот треба да го ублажи влијанието на околината врз производството. Креаторите на политиките на ЕУ се надеваат дека овој план ќе ја стави во контекст заедничката земјоделската политика.
– „Прецизната земјоделска пракса, вклучувајќи го дигиталното земјоделство е најдобар начин за стратешките цели на Европската унија да станат зелени, паметни и сигурни и треба да бидат дел од националните планови за опоравување и отпорност на сите држави членки“, изјавил членот на Европскиот парламент, Петрос Кокалис за Еуроактив.
– „Во согласност со инструментот “EУ за наредната генерација“, државите членки ќе имаат дополнителни средства во висина од 15 милијарди евра од Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (EAFRD), што е одлична можност за дигитализација и зелен премин на земјоделско-прехранбениот сектор“, вели тој.

За руралните подрачја 750 милијарди евра
Имено, Европската комисија предложила дополнителни средства за опоравување на руралните подрачја во висина од 750 милијарди евра, кои државите членки ги издвоиле за периодот 2022 до 2024.
Но, за финансиската рамка за опоравување од пандемијата Ковид-19 се уште се дискутира и треба да биде одобрена од државите членки и од Европскиот парламент.
Кокалис нагласи дека прецизното и дигиталното земјоделство може да биде една од алатките за постигнување на европските цели на зелениот договор и стратегијата „Од фарма до вилушка“. Прецизното земјоделство се темели на концептот „да се произведува повеќе, со помалку вложување“ но како крајна цел го има ублажувањето на влијанието на околината. Тоа на пример, би било намалување на употребата на пестициди или ѓубрива. Креаторите на политиките на ЕУ се надеваат дека овој план ќе ја стави во контекст Заедничката земјоделска политика.
Приоритет се зелени проекти и дигитализација?
– „За поттикнување на такви иновативни пракси потребна ни е силна пресметка за идната заедничка земјоделска политика, барем на исто ниво како и моменталната. Вложувањето е потребно за подобрување за дигиталните вештини на фармерите, советодавните услуги, инфраструктурата која може да се финансира во рамките на EAFRD“, изјавил Кокалис.
Двата приоритети на ЕУ се дигитализација и зелените проекти кои нејзиното стопанство ќе го направат поотпорно. За Кокалис тоа совршено се поклопува со мисијата за прецизно одгледување. “Научно е докажано дека прецизната земјоделска пракса, користејќи високотехнолошка опрема, може да ја намали емисијата на стаклени гасови, главно со намалување на иновациите кои се насочени на просторни и временски потреби на посевите и зголемување на способностите на почвата да се складира јагленот“, потенцира тој.
„Со развојот на дигиталното земјоделство кое доследно ги применува и методите на прецизното земјоделство, уверен сум дека ќе имаме извонредни алатки за постигнување на амбициозните цели на стратегијата „Од Фарма до вилушка“, додава тој.

Едукација и финансиско – техничка поддршка на земјоделците
Европскиот комесар за земјoделство, Јануз Војчиечовски, го дели истото мислење, велејќи дека целта на стратегијата „Од фарма до вилушка“ е да го направи целокупниот прехранбен систем одржлив.
– „Прецизното земјоделство може значајно да придонесе за одржливост на земјоделскиот сектор и да помогне во постигнувањето на утврдените цели како што е намалувањето на употребата на пестициди за 50% , како и намалување на употребата на ѓубрива за најмалку 20%“, изјави Војчиечовски.
Меѓутоа нагласи дека за воведување на паметни технологии на одгледување потребна е едукација, како и финансиско – техничка поддршка на земјоделците.
– „Да не заборавиме дека само прецизното земјоделство нема да биде доволно. Ќе треба да се даваат советодавни услуги, размена на знаење и изградба на капацитети. Покрај тоа, потребни се и други видови на иновации кои ќе го надополнат прецизното земјоделско стопанство, како решение кое се темели повеќе на природата“, напоменува тој.
Лош советодавен систем?
Исто така, Тасос Ханиотис, директор за стратегија, поедноставување и анализа од Управата за земјоделство и рурален развој, објаснува дека кога се во прашање советодавните системи, кои на земјоделците им даваат јавни информации за тоа како да се подобри производството, постои многу нееднаква состојба во зависност од државите.
– „ И понатаму постои сериозен дигитален јаз помеѓу руралните и урбаните подрачја“, изјавил Војчиечовски.
Извор: Agroclub.com
