Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Правилната распределба на државното земјоделско земјиште може да ја намали зависноста од увоз на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Правилната распределба на државното земјоделско земјиште може да ја намали зависноста од увоз на храна
Агровести

Правилната распределба на државното земјоделско земјиште може да ја намали зависноста од увоз на храна

Објавено 31/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0156.JPG
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделството како гранка, полека, но сигурно, повторно станува примамливо, но и исплатливо за македонските земјоделци. Според непосредните производители кои веќе потпишале договори за користење на дополнителни парцели државно земјоделско земјиште, со ова, во наредниот период значително ќе си го зголемат и прошират сопственото производство, а што им е од егзистенцијална важност, бидејќи тие живеат само од тоа.

  „Денеска, еве добивме договори за земја, за 30 години. Работиме негде околу 150 хектари. Денеска потпишавме уште за 8 хектари на три различни фирми, за тутун, пченица, сончоглед, значи за повеќе различни култури. Сега најисплатлив е тутунот. Сега за сега, повеќе вложуваме во тутунопроизводството. И во пченицата, имаме 70 хектари и со пченица, имаме околу 600 декари сончоглед, па 70 декари тутун годинава, лани имавме 50, годинава 70“, – вели младиот земјоделец Ердован Исламоски од с. Канатларци.

   Од друга страна, со бројните стимулативни мерки кои што ги презема ресорното Министерство, а особено со одземањето на со години узурпираното државно земјоделско земјиште од рацете на невистинските земјоделци и давање под закуп на вистинските, државава има реални шанси да ја намали дури и увозната зависност за храна.

  „Знаете дека во изминативе месеци спроведовме контроли кај големи корисници кај што најдовме и злоупотреби. Раскинати се договорите, земјиштето е ослободено. Се работеше изминативе месеци и на ослободување од корисничкото право и веќе во наредниов период можеме да го ставиме и тоа во функција каде што сите земјоделци ќе имаат можност да аплицираат. Предност ќе дадеме во одреден дел и на сточарското производство, однOсно сточарите да имаат предност при добивање на ова земјоделско земјиште“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

    Според Трипуновски, интересот кај земјоделците за користење на државно земјоделско земјиште, во зависност од регионот, бил различен за тоа кои култури ќе ги одгледуваат. Но, главно биле застапени сите, што според него е поволен показател за балансирање на домашното земјоделско производство.

   Инаку, досега, на ниво на држава, вкупно се распределни над 6.000 хектари необратено државно земјоделско земјиште. А додека по последниот Јавен повик од јануари годинава, потпишани се 192 договори за површинна од близу 500 хектари само во Пелагонскиот регион. 

Извор – Алфа

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјамладираспределбахектарихрана
Претходен напис Се нормализира сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица 
Следен напис Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?