Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Практична обука/работилница: Извозот на македонските мали и средни претпријатија од прехранбената индустрија во услови на глобална економска криза – опасности, предизвици и решенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Практична обука/работилница: Извозот на македонските мали и средни претпријатија од прехранбената индустрија во услови на глобална економска криза – опасности, предизвици и решенија
Агровести

Практична обука/работилница: Извозот на македонските мали и средни претпријатија од прехранбената индустрија во услови на глобална економска криза – опасности, предизвици и решенија

Објавено 06/10/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку и Вие сте дел од мала или средна компанија од прехранбената индустрија со потенцијал за извоз на производите, и би сакале да научите нешто повеќе за извозот, предизвиците со кои се среќаваат искусните извозни компании, потребните стандарди, начините на финансирање и осигурување на извозот, начини на вмрежување и истражување на странски пазари и вклучување во големите синџири на снабдување, ние го имаме одговорот за Вас!

Врвни професионални експерти во областа на извозот и поддршка на извозот ќе дадат свои анализи, мислења, но и решенија за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од прехранбената индустрија на еднодневната обука/работилница што ќе се одржи на 14.10.2022 година.

Експерти како г-дин Љупчо Велески, извозен директор на Витаминка, г-дин Дарко Стефановски, претставник од Македонска Банка за Поддршка на Развојот, Кристијан Балески и Дарко Заев, претставници од МАМАС брендот, и уште неколку други говорници ќе ги споделат своите искуства.

На обуката ќе имате единствена можност да слушнете за новите трендови во FMCG индустријата во светло на глобалната економска криза, на кои ризици и опасности се изложени македонските компании од прехранбената индустрија во нивните интернационални активности, како да се адаптираат, што да менуваат и каде да ја бараат својата шанса во овие предизвикувачки времиња. Поради ограниченоста на ресурси на македонската мала и сеуште неинтегрирана национална економија, во вакви екстремно тешки услови македонските мали и средни претпријатија од прехранбената индустрија се оставени практично сами на себе и на глобалниот пазар се во директен натпревар со компании од развиените земји кои имаат масовна институционална поддршка. Се прашувате, како да се успее во вакви услови и на крајот да се излезе како победник.

Бизнисите се движат кон глобализација, но за да бидат конкурентни на другите пазари, ќе треба да покажат ниво на адаптација засновано на локалните регулативи, искористување на локалната соработка и поддршка на локалните заедници и покажување општествена одговорност.  Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени на претстојната обука.

Повеќе за обуката може да видите на следниот линк ( https://exportacademy.io/izvoz-na-msp-od-prehranbenata-industrija/ )

***

Обуката е организирана од Export Academy by Matrona Consulting, професионална и научна организација во Северна Македонија која се занимава со извоз и интернационализација на македонските компании, користејќи ги во пракса потврдените професионални искуства на врвни експерти, научни истражувања, вмрежувања и соработка со авторитетни индустрии од странство.

Matrona Cons е консултантска компанија која работи на интернационализација на бизнисот, развој на стратешки компании и извозни образовни програми на МСП во регионот на SEE/Балкански регион (www.matronacons.com и www.exportacademy.io) со канцеларии во Скопје, Белград и Љубљана. Matronа Cons е ексклузивен застапник за неколку водечки брендови како RGX – глобален извозен експерт, меѓународна компанија за бизнис консултантски услуги со присуство во повеќе од 60 земји (www.rgxonline.com) и Export-Akademie Baden-Württemberg од Германија (www.eabw.org/en/) организација за обуки и консултации со фокус на зелените технологии и дигитализација повеќе од 35 години.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:економијаизвозленче николовскапрехранбена индустријаработилница
Претходен напис Над 3.500 битолски земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта
Следен напис Дуњата содржи двојно повеќе витамин Ц од лимонот, а лековити се и плодот, и семето и листот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?