Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села
Агровести

Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села

Објавено 17/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ставен е под контрола големиот пожар во планината Стогово, над дебарското село Гари, област Мала Река и не постои никаква опасност по ова и соседното село Осој, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.

– Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата „Стогово” на ЈП „Национални шуми” успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот.  Дополнително ни „помогна” и краткотрајниот дожд, кој иако не беше обилен сепак во одредена мерка беше во прилог на веќе постигнатото, додаде Мифтароски.

Пожарот беснееше три дена и постоеше опасност да се прошири до селото Гари а потоа и Овој, чии жители беа видно загрижени.

-Опжарени се над 70 хектари. Првите два дена гореше сува трева и  ситно стеблеста шума, но денеска зафати и високо стеблеста шума. Апелирам до граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат препораката за забрана на движење во шуми, апелира Мифтароски.

Ова е втор голем пожар на територијата на општината. Претходно голем пожар беснееше над селото Татар Елевци со опасност да се прошири во селата Горно Рајчица и Горно Косоврасти, сој беа зафатени над 30 хектари.

Во неговото гаснење освен дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, беа вклучени и два „ер-трактори”.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Гариопасностпод контролапожарот
Претходен напис Ангелов: Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица
Следен напис ЦУК: До 19 часот имало 38 пожари, 16 се активни, шест се под контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?