Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: До 19 часот имало 38 пожари, 16 се активни, шест се под контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: До 19 часот имало 38 пожари, 16 се активни, шест се под контрола
Агровести

ЦУК: До 19 часот имало 38 пожари, 16 се активни, шест се под контрола

Објавено 17/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот низ државата имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои во моментов 16 се активни, шест се под контрола и 16 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај Јасен – викенд населба Белица каде гори борова шума; во Општина Ресен и Општина Охрид кај Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа каде гори нискостеблеста вегетација и букова шума, во Општина Долнени кај селото Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева, во Општина Кичево кај с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар – каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација, во Општина Кичево кај с.Патеец – с.Козичино – с.Дупјани, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод – борова и букова шума, во Општина Пласница кај с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод – нискостеблеста вегетација, во Општина Дебар има пожар кај с.Гари на планина Стогово каде гори мешана шума, во Општина Чашка кај с.Мокрени гори нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума, во Општина Долнени кај с.Небрегово гори нискостеблеста шума префрлен од Општина Чашка од планина Мукос и во Општина Македонски Брод кај с.Грешница каде гори мешана шума.

Исто така, активни пожари има и во Општина Крива Паланка на потегот Паланка – Саса, место Царев Врв, во Општина Куманово кај с.Черкезе гори стрниште и сува трева, во Општина Битола: с.Кишава каде гори сува трева, во Општина Кочани кај Пониква гори сува трева од удар на гром во дрво, во Општина Пробиштип кај с.Неокази гори борова шума и сончеви панели и во Општина Пробиштип кај с.Трипатанци – с.Ратавица – с.Бунеш. 

Под контрола се ставени шест пожари и тоа  во Општина Маврово-Ростуше кај с.Врбен каде гореше мешана шума, во Општина Новаци кај с.Полог – Брник –Рапеш – Паралово гореше ниска вегетација, деградирана шума, во Општина Македонски Брод кај с.Девич местото Вртешка каде гореше мешана шума, во Општина Демир Хисар кај Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица каде гореше ниска вегетација, во Општина Делчево кај Депонија Делчево гореше депонија, во Општина Чашка кај с.Папрадиште и с.Ореше каде гореше мешана шума.

Од ЦУК посочуваат дека се изгаснати вкупно 16 пожари. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:16 се активни19 часот38 пожарицук
Претходен напис Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села
Следен напис Хемометал: Приколици – ТИНАЗ, докажан квалитет!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?