Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повторно помор на риби во Кумановско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Повторно помор на риби во Кумановско
Шумарство и водостопанство

Повторно помор на риби во Кумановско

Објавено 19/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повторно е регистриран помор на риби на вливот на река Кумановка со Пчиња под Искрин Мост, соопштија вчера надлежните од Државниот инспекторат за животна средина.

Поморот, како што наведуваат од инспекторатот го пријавиле рибарите. Бојата на реката била видно заматена, соопштуваат надлежните.

– На самото место при првичниот увид бил присутен директорот на ДИЖС м-р Сретен Стојковски при што во вечерните часови се земени повеќе мостри на вода од разни локации пред и по пречистителна станица за третман на отпадни води во село Доброшане, а направени се и фотодокументација и видеоснимки од страна на неколкуте присутни рибари. Реализиран е и контакт и со директорот на ЈП Водовод Куманово кој беше присутен на локацијата, а по неговото пристигнување ДИЖС е информиран дека е настанат краткотраен проблем со довод на електрична енергија околу 18 часот кога станицата не била во редовна функција. Мострите вода се доставени до акредитирана лабораторија за животна средина заради лабораториски анализи, соопштија од инспекторатот.

Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, Канцеларија Крива Паланка направил вонреден инспекциски надзор при што е подготвен записник за констатација и врз основа на анализите ќе се води понатамошна инспекциска постапка со соодветни мерки и санкции.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Стабилна состојбата во Старо Нагоричане, се чисти дрвната маса од Пчиња кај мостовите
Се санираат критични точки на Пчиња во Старо Нагоричане
Пожарникарите од Старо Нагоричане извлекоа две лица со автомобил заглавени во надојдената вода на Пчиња кај Стрновац
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
Таг:ДИЖСпомор на рибипчиња
Претходен напис Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МЗШВ и Проектот на USAID North Macedonia за развој на деловниот екосистем
Следен напис Исплатени се 210 милиони денари за пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?