Министерот Љупчо Николовски во текот на вчерашниот ден соошти дека е потпишан Меморандум меѓу МЗШВ и USAID.
„На мое големо задоволство потпишавме Меморандум за разбирање помеѓу МЗШВ и Проектот на USAID North Macedonia за развој на деловниот екосистем. Преку овој пристап се очекува подобрување на односите помеѓу земјоделците и преработувачите, подигнување на нивото на иновации во земјоделскиот и прехранбениот сектор, подобрување на перцепцијата на потрошувачите за локалните прехранбени производи и подобрување на конкурентноста на земјоделците преку нивно интегрирање во земјоделскиот и прехранбениот сектор.

Бројни фармери се поддржани со нова, модерна опрема, со техничка помош, како и финансирање во ветеринарни обуки и сертификација. Како Министерство ја продолжуваме соработката со USAID со цел поттикнување на одржлива промена во деловниот екосистем, но и подобрување на продуктивноста во млечната индустрија и полесен пристап до ИПАРД фондовите.“, рече Николовски.

