Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Европските земји со повик за сите фризери, келнери и сите останати невработени- да најдат работа во земјоделството


Се ближи пролет и време е за берба на шпаргли, јагоди и на останатото овошје и зеленчук. Европските земји веќе имаат проблем со недостаток од работна сила поради што се носат различни решенија како на пример со роботи за берење , но сега состојбата станува уште потешка.

“За сите невработени мотика во рацете„ е реченица која се повторила милион пати кога постарите зборувале  за младите, кога поради немање работа им паѓале на ум разни работи. И сите ние сигурно сме рекле нешто слично кога сме поминале покрај некоја уништена клупа или превртена корпа за отпадоци.

Но сега, оваа реченица станува реалност бидејќи владите, стопанските комори и работодавачите од  речиси сите европски земји, ги повикуваат лугето кои поради пандемијата од коронавирусот останале без работа, своето место да го најдат во земјоделството. Буквалнo, да земат мотика во рака.

Веке неколку пати се спомнуваше дека во Германија се во прашање 280 000 сезонски работници во земјоделството. И Полска исто така се бори со ова прашање бидејќи се затворени границите а украинците ко се најчестата работна сила во оваа земја, заминаа дома. Исто така  во Бугарија назад се вратија околу 200 000 граѓани кои во странство ги  работеа сезонските земјоделски работи.

Се поставува прашањето што прават сите тие луѓе кои речиси преку ноќ останаа без работа, кои сега мора да бидат затворени во четири ѕида без работа , без приходи со огромен облак на страв и неизвесност над своите глави.

Во развиените  земји на Европа веќе се направија некои потези и тоа такви да „со еден удар  да отепаат две муви“: прво да се вработат оние кои ненадејно и без најава останаа без работа , а второ да се обезбеди работна сила за земјоделството.

Французите направија платформа  за вработување во земјоделството

Така Дидие Гуиломе , за француската телевизија изјави: „ Дали може фризер кој нема работа , да работи на нива, да бери јагоди или да пакува јогурт во некоја млекара?“ Покасно упати повик и до сите невработени кои работеле како келнери во рестораните, собарки во хотелите….. да им се придружат на земјоделците односно да бидат дел од стопанството кое ќе обезбеди храна за сите.

Секако веднаш пристигнаа реакции бидејќи од една страна се апелира да се остани дома , а од друга стана да се работи на нива.

Веднаш  направија план за водење на кампања со која ќе се прецизира начинот на кој французите ќе можат да му помогнат на домашното земјоделство. За да се олесни вработувањето , француското министерство за труд ќе направи платформа посветена на секторите кои во овој период имаат потреба од работници и тоа веќе е објавено на официјалната веб страна на министерството.  

Германија има потреба од 300 000 работници

Слични мерки превзеде и германското министерство за земјоделство па отвори посебна веб страна за работа на фармите, а како целна група исто така  ја имаат работната сила од угостителството но и студентите. Сите информации се достапни на  порталот daslandhilft.de 

 Појаснуваат дека се работи за платформа за брзо и небирократско посредување  при вработувањето  и која опфаќа агробизнисмени ,прехрамбени фирми и работници. 

„ Имаме потреба од Вас –и тоа веднаш- бидејќи на полињата на нашите земјоделци има овошје и зеленчук кој треба да се собере. Нашите земјоделци нудат приходи за они кои поради заштитните мерки  се ноѓаат во економска криза.“-порачуваат организираните германци кои стравуваат дека  има плодови кои ќе останат на нивите несобрани и ќе пропаднат.

И во Велика Британија маки мачат со работната сила, бидејќи Британците несакаат да работат сезонска работа, која за нив до сега тоа го правеа мигрантите од Бугарија, Романија и Полска.Сега ситуацијата епроменета па и таму се зборува за појачана британска работна сила.

Шпанските медиуми исто така објавија дека 6000 марокански жени  што требало да работат  како берачки на јагоди не успале да влезат во земјата.

Би можеле да завршиме со животната мудрост- дали мораме нешто да изгубиме за да научиме да го цениме, а овде всушност се мисли на ниско квалификованите работници  што раотат работи од кои многу луѓе бегаат.

Исто така – дали ја потценивме важноста на земјоделството и на земјоделците –без кои не можеме да живееме? Ни останува да размислиме дали  во нашето земјоделство има место за  голем број млади луѓе кои за само неколку дена останаа без работа?

Извор : Агроклуб.рс

Мар 30, 2020agrotim2
Германија започнува со директна исплата на самовработените, малите компании и земјоделцитеВинариите во Србија, од бело вино ќе прават медицински алкохол

Напишете коментар Откажи одговор

30/03/2020 Агровестимерка за вработување во ЕУ, повик за сите невработени, работна сила5,080

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019