Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќедневните врнежи од дожд ја стабилизираа штедроста на изворот Студенчица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Повеќедневните врнежи од дожд ја стабилизираа штедроста на изворот Студенчица
Шумарство и водостопанство

Повеќедневните врнежи од дожд ја стабилизираа штедроста на изворот Студенчица

Објавено 19/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите од дожд кои беа присутни во земјава во изминатите петнаесетина дена ја стабилизираа штедроста на изворот Студенчица и придонесоа водените кризи присутни во изминатите неколку години, есенва да ги нема.

-Благодарение на поволната хидролошка есен, штедроста на изворот Студенчица е стабилна и деновиве се мерат близу 1.000 литри вода во секунда, што е далеку над штедроста од пред петнаесетина дена, кога поради сушата штедроста изнесуваше само 710 литри со тенденција за натамошно намалување. Бидејќи се ближат месеците ноември и декември кога повторно се очекуваат врнежи од дожд или снег, можеме да бидеме спокојни и со оптимизам да го очекуваме претстојниот период, кога без проблеми ќе може да се испорачуваат доволни количини вода за пиење за сите водокорисници од овој хидросистем – истакна Гоце Наќески од ЈПВ Студенчица.

Деновиве, како што кажа, од хидросистемот Студенчица 172 литри вода се упатуваат кон Осломеј од кои ТЕЦ„ Осломеј“ добива 125 литри вода во секунда, на Кичево му се испорачуваат 170 литри, кон Прилеп и останатите општини се упатуваат 410 литри, од кои само за градот Прилеп 240 литри вода во секунда.

-На малата хидроцентрала Добреноец се испуштаат 213 литри кои се враќаат повторно во реката и 40 литри на прелив, кои исто така се испуштаат во реката Студенчица. За споредба со поволната хидролошка состојба оваа година нека послужи претходната година кога во истиот период штедроста на изворот Студенчица изнесуваше 685 литри, а имало и години кога штедроста била и далеку помала, посочи Наќески и нагласи дека од хидросистемот Студенчица се снабдуваат околу 160.000 жители, а поволната хидролошка ситуација укажува дека снабдувањето ќе биде редовно и без осцилации.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:студенќица
Претходен напис (Видео) Свинска патрола – Холанѓаните „ангажирале“ тим од 20 свињи за да го заштитат аеродромот од гуски
Следен напис Jавна дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на земјоделските задруги за периодот 2022-2028 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?