Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од пет милијарди евра за развој на хрватското земјоделство до 2027 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повеќе од пет милијарди евра за развој на хрватското земјоделство до 2027 година
Агровести

Повеќе од пет милијарди евра за развој на хрватското земјоделство до 2027 година

Објавено 28/10/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хрватската министерка за земјоделство, Марија Вучковиќ, вчера најави дека за развој на хрватското земјоделство во новиот финансиски период до 2027 година ќе бидат обезбедени над пет милијарди евра.

– Што се однесува до повеќегодишната финансиска рамка за земјоделството, можеме да очекуваме повеќе од пет милијарди евра до 2027 година. Точната бројка е 5.292.743.355 евра, но тоа е моментално така и може да се промени во зависност од одредени индекси – изјави министерката Вучковиќ.

Во преодниот период, што ги опфаќа 2021 и 2022 година, се планира да се потрошат околу 1,75 милијарди куни за земјоделството во Хрватска, додаде таа.

– Едниот дел од оваа сума за преодниот период се однесува на директни плаќања, а другиот дел е за тековните мерки од програмата за рурален развој, а се однесува на мали инвестиции и социјална и комунална инфраструктура и нови специјални грантови поврзани за работа во тешки услови, органско земјоделство – рече Вучковиќ.

Како што наведе таа, првата реформска активност е изградбата на магацинско-дистрибутивните капацитети што недостасуваат како и здружување на производители бидејќи инвестициите сами по себе не носат ништо доколку не се постигне здружение на производители.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Хрватска
Претходен напис Презентација на новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции
Следен напис Сламата како градежен материјал – Сè повеќе луѓе се одлучуваат да градат домови од слама
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?