Унгарското државно тело за безбедност на храната, Небих, објави дека вирусот на африканска свинска чума (АСЧ) е откриен на труп на дива свиња во близина на селото Бишке.
Мртвото животно е пронајдено на работ од областа Фејер, која претходно беше прогласена за контаминирана и ризична област, а се верува дека инфекцијата зафатила и поширока популација на диви свињи. Европската комисија е известена за овој случај, како и земјите партнери.
Како што соопшти Небих, сега најважна задача е да се заштитат домашните стада свињи, за што, потсетуваат, е неопходно да се придржуваат до превентивните мерки за заштита од оваа болест. Тие посочија дека АСЧ може да го пренесат и посетителите на шумите, и затоа да не оставаат остатоци од храна и внимателно да ги дезинфицираат чевлите по излет во природа.
Властите потврдија дека се работи за вирус кој не е штетен за луѓето, но предупредуваат на економските последици, па затоа апелираат до одгледувачите на свињи целосно да се придржуваат кон сите правила за превенција.
АСЧ се шири и во други земји
Поради оваа болест, Доминиканската Република минатата недела објави дека ќе убие десетици илјади свињи, откако откри африканска свинска чума во 11 од 32 провинции во земјата, пишува Ројтерс. Властите рекоа дека единствениот начин да се запре болеста, која е смртоносна и за која нема вакцина, е да се убие целата популација на свињи на фармите каде што е откриена. Затоа Мексико го забрани увозот на свинско месо од таа земја.
Во Германија сѐ уште се градат огради за да се заштитат од АСЧ, а Топаграр објави дека н, за што биле инвестирани повеќе од 300 илјади евра.
Според farmer.pl, лоша е ситуацијата во Полска, каде што кон крајот на јули беа откриени десетина нови случаи на инфекција кај диви животни.
Ситуацијата со фриканската свинска чума можете да ја следите преку интерактивна карта на следниов линк:

Извор: agroklub.rs
