Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најново истражување покажа дека кофеинот ги поттикнува бумбарите повеќе да опрашуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Најново истражување покажа дека кофеинот ги поттикнува бумбарите повеќе да опрашуваат
Магазин

Најново истражување покажа дека кофеинот ги поттикнува бумбарите повеќе да опрашуваат

Објавено 12/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Влијанието на климатската криза и употребата на пестициди ја загрозија популацијата на дивите опрашувачи, како што се пчелите, осите, пеперутките и птиците. Поради тоа некои овоштари ширум светот се потпреа на комерцијални колонии на бумбари за опрашување на посевите. Но, тие не се покажале толку делотворни колку што би сакале фармерите. Некои не го напуштаат гнездото, додека на други премногу внимание им одвлекуваат други растенија во близина, оние кои не можат да ги опрашуваат.

За да го решат проблемот, истражувачите измислиле посебна мешавина на кофеин, шеќер и специфичен мирис на јагода, и го пуштиле во гнездо со бумбари.

Фото: print screen/www.sci-news.com/

Инсектите потоа од своето живеалиште биле преместени во лабораторија каде што се наоѓало цвеќе кое содржело мирис на кофеин, шеќер и јагоди, а со кој биле запознаени претходно во гнездото. Таму имало и друго цвеќе кое не ширело таков мирис.

Авторката на студијата, д-р Сара Арнолд од Институтот за природни ресурси на Универзитетот „Гринвич“, утврдила дека бумбарите тренирани со помош на кофеин биле далеку повеќе заинтересирани за опрашување на цветовите чиј мирис бил ист на оној на кој претходно биле изложени во гнездото. Научниците тврдат и дека експериментот нема влијание на животниот век на бумбарите.

Ваквиот начин на тренирање на инсектите би можел да помогне да се реши проблемот со недостаток на опрашувачи кој го загрозува опстанокот на земјоделството во делови на светот.

Проблемот на опрашувачите со години го загрижува Европскиот парламент. Бараат поамбициозно следење на опрашувачите на ниво на цела ЕУ со јасни цели и показатели.

Извор: jutarnji.hr

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бумбаркофеинопрашувачи
Претходен напис Потврдена африканска свинска чума во Унгарија
Следен напис Викендов и наредната недела ќе се прска против комарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?