Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потврден е антракс кај добитокот во Хрватска, воведени се итни мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потврден е антракс кај добитокот во Хрватска, воведени се итни мерки
Агровести

Потврден е антракс кај добитокот во Хрватска, воведени се итни мерки

Објавено 19/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Хрватска е потврден случај на антракс , опасна заразна болест која ги погодува животните, но може да се пренесе и на луѓето.

Инфекцијата е откриена на подрачјето на општина Врлика, а надлежните служби веднаш покренаа низа итни мерки, вклучувајќи задолжителна вакцинација на добитокот и превентивен антибиотски третман на лицата кои биле во контакт со заразен добиток, беше објавено на вонредна прес-конференција во Загреб.

Според хрватскиот министер за земјоделство, Давид Влајчиќ, досега се тестирани 13 примероци, а првиот позитивен резултат за антракс пристигна вчера. Три примероци сè уште се обработуваат.

– Веднаш ги информиравме сите надлежни служби. Ситуацијата е кризна. Притисокот врз системот е огромен, но сега конечно имаме поцелосна слика и можеме да дејствуваме решително – рече Влајчиќ.

Иако не може со сигурност да се тврди дека сите четириесет говеда што умреле биле заразени со антракс, во тек се токсиколошки анализи, кои треба да ја разјаснат причината за смртта на добитокот.

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Чапак потврди дека епидемиолошката служба реагирала веднаш по добивањето на информациите за потврдениот случај.

-Ги идентификувавме сите лица кои биле во контакт со заразен добиток. Сите ќе примаат превентивни антибиотици во следните десет дена – рече Чапак, додавајќи дека „ризикот за општата популација не е висок“ и дека претходното искуство од Лоњско поле покажува како болеста ефикасно се сузбива со навремени мерки.

Антраксот е болест која најчесто се пренесува преку контакт со заразени животни или контаминирани материјали, но не е многу заразна меѓу луѓето.

Инфекцијата може да се случи ако споробактериите дојдат во контакт со отворена рана, но ваквите случаи се многу ретки. Повеќето епидемии се случуваат по поројни дождови и поплави, кога спорите излегуваат од почвата.

Извор – Плусинфо

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:антракскрави
Претходен напис За влез и излез од државава се чека до 45 минути
Следен напис НАЈК ПРОМ: Најпознатите модели на трактори LOVOL изложени на Фестивалот на жетвата во Новаци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?