Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ПОТСЕТУВАЊЕ: Во тек е ЈАВЕН ОГЛАС за државно земјоделско земјиште НАД 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ПОТСЕТУВАЊЕ: Во тек е ЈАВЕН ОГЛАС за државно земјоделско земјиште НАД 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади
АгровестиЈавни огласи и повици

ПОТСЕТУВАЊЕ: Во тек е ЈАВЕН ОГЛАС за државно земјоделско земјиште НАД 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади

Објавено 09/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека на 28.10. 2023 година е распишан јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хекатри по пат на електронско јавно надавање.

Вкупната земјоделска површина која со овој јавен оглас се става на располагање изнесува 1.176 хектари државно земјоделско земјиште, распределено во следниве региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Кавадарци, Кисела Вода, Куманово, Кочани, Неготино, Гази Баба, Свети Николе и Струмица.

Намената на земјоделското земјиште кое преку овој јавен оглас се дава во закуп е за:

  • подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,
  • подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
  • подигнување на маслинарници за период до 50 години,
  • одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
  • ливади за период до 15 години,
  • за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години и
  • рибници до 20 години

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е приоритетна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на овој јавен оглас доколку имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија. Домашните и странски правни лица или нивните подружници имаат право да учестуваат на овој оглас доколку земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е претежна дејност, или доколку земјоделското земјиште им е потребно во вршење на научно-истражувачки дејности.

Јавниот оглас трае 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас. Заинтересираните апликанти образецот за учество на јавниот повик (понуда) можат да го подигнат во МЗШВ, подрачните единици на МЗШВ или преку веб страната на МЗШВ. Истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави заедно со потребната документација во затворен коврер.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да не контактирате на телефонските броеви: 070 267-789, 071 285-385, 071 225-345.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделско земјиштеземјоделциконцесијамзшвоглас
Претходен напис Подгответе се за Мерка 3 од ИПАРД: Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Следен напис Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?