Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Построги правила за органско сточарство во ЕУ од 2022 година – Живинарството ќе се соочи со најголеми промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Построги правила за органско сточарство во ЕУ од 2022 година – Живинарството ќе се соочи со најголеми промени
Сточарско производство

Построги правила за органско сточарство во ЕУ од 2022 година – Живинарството ќе се соочи со најголеми промени

Објавено 13/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Правилата за органско одгледување животни во ЕУ ќе бидат заострени од 1 јануари 2022 година, а најстрогите се однесуваат на одгледувањето живина.

По едногодишно одложување, Европската еколошка регулатива поставува правила до кои компаниите и земјоделците мора да се придржуваат за да можат да се нарекуваат органски.

Ханс Фуш, лидерот на проектот „Знаење и иновации“ од Bionext, за Nieuweoogst објаснува дека овие регулативи на европско ниво овозможуваат фер меѓународна трговија.

Претходните прописи на ниво на ЕУ се применуваат од 2010 година, а во 2018 година беше објавена регулатива која ќе стапи во сила на почетокот на 2022 година. Со неа се заоструваат и се дополнуваат постоечките правила.

Најголеми промени во живинарството

Живинарството ќе се соочи со најголеми промени. Земајќи ги предвид многу различните специјализирани потсектори, секој од нив има свои принципи на производство. Но, има уште многу сомнежи, не е сè утврдено, а расправата се уште трае.

Сè уште не е дефинирано на што се однесува изразот „млада живина“ – дали се однесува на одгледувани кокошки стари 18 недели или се мисли на животни кои почнале да несат јајца? Во тој случај, „млада живина“ би биле кокошки стари 22 недели, објасни Фуш.

Во зависност од тоа што е прифатено, се регулира со што се хранат кокошките и на тој начин се делува на цената на финалниот производ. Значи, новото правило ќе го диктира составот на храната, а има уште една важна промена.

Од 1 јануари 30 отсто од храната за свињи и живина мора да потекнува од околината, што ќе биде проблем во источноевропските земји за кои оваа регулатива не важи, а голем дел од добиточната храна доаѓа од тоа подрачје.

Построги правила за сместување на животни

Се заоструваат и правилата кога станува збор за сместување на животни, особено во однос на просторот што треба да се обезбеди за животно. Покриениот надворешен простор повеќе нема да се смета за затворен. Ова како последица за фармерите ќе има дека ќе им биде дозволено да чуваат помалку животни на фармата.

Исто така, одгледувачите на свињи ќе се соочат со ограничен број животни што можат да ги одгледуваат. Хранилките се одбиваат кога се пресметува површината на шталата.

Фуш наведува дека правилата за површината имаат големо влијание врз одредувањето на бројот на животни кои се одгледуваат. Тој посочува дека новата регулатива ја поставува Европската комисија на повисоко ниво и овозможува органскиот сектор да продолжи да биде препознатлив, но и да се развива во рамките на новите правила.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
Европа и Балканот ќе ги зафати необичен студен бран
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Таг:европасточарстцо
Претходен напис Шапуриќ: Досега се откупени 910.000 кг тутун со просечна цена од 180 денари
Следен напис НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ВЕЕ СНЕГ НА ПЛЕТВАР: Забранет е сообраќај за тешки возила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?