Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
Агровести

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ

Објавено 07/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто домашниот производ, истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-макеоднскиот самит во Скопје.

Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментални можности, имајќи ја предвид, какомшто посочи, испразнетата и ограбена државна каса која е резултат на некои минати времиња.

-Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто домашниот производ, и добро би било за се да сме вака во Европа како што сме во мерките, ние би биле во многу поинаква состојба отколку што сме, но за жал не сме. Но ние како Влада правиме многу повеќе од нашите моментални можности, имајќи ја предвид испразнетата и ограбена државна каса која е резултат на некои минати времиња, истакна Мицкоски.

Македонскиот премиер потсети дека инфлацијата во земјава е во рамки на владините очекувања и идентична со државите во регионот.

– Моите очекувања се како што се резултатите во регионот. Бугарија има инфлација од над 6 проценти, еврозоната е над 3 проценти, Хрватска е околу 6 проценти, слично е во Грција, и во рамките од тие 5 до 6 проценти очекувам да биде годишната инфлација. Минатата година во месец април имавме Велигденска кошничка, основата со која се споредува е таква, но она што е важно е дека основните прехранбени производи на месечната стапка на промена е помала е од вкупната инфлација, а најголемите отстапувања се во делот на транспортните услуги, посебно билетите за нискобуџетните авиокомпании, очекувам со намалување на цената на нафтата и нафтените деривати и тој дел од пазарот да се смири, нагласи Мицкоски.

Според премиерот Христијан Мицкоски, денешниот Самит е додадена вредност во односите меѓу македонската и германската бизнис заедница, и како што рече -Германија за нас не е само бизнис партнер, таа е стратешки партнер. 

-Ние сакаме да се профилираме како Влада која што е секогаш во насока на поддршка бизнисот и на додадената вредност и тие резултати се гледаат многу јасно во првиот квартал од оваа година, нешто што за нас претставува исклучително и значајно во услови на светски предизвици. Во услови на геополитички предизвици ние успеваме три и пол пати побргу да растеме во делот на извозот отколку во увозот и на тој начин минусот на трговската сметка извоз-увоз, генерално во првиот квартал, спредена со првиот квартал од минатата година е намален за околу 55-56 милиони евра со исклучително поволен месец март, а тоа е потврда на политиките што ги водиме и тоа во услови на најголемата енергетска криза која во последниве 50 години го зафати човештвото. Цениме дека Германија за нас не е само бизнис партнер, таа е стратешки партнер. Германските компании вработуваат илјадници македонски граѓани, тие се солидна поддршка за нашата домашна македонска економија и ние како Влада ќе сториме се да помогнеме во таа насока за да имаме уште поголема билатерална економска соработка која во првиот квартал расте, расте извозот од нашата земја кон Германија и тоа не прави горди, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:државаевропамеркиМицкоскиММФ
Претходен напис Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто и раст на БДП од 3,5 отсто
Следен напис Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?