Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Постојат неколку видови модар патлиџан, а за најлековит се смета токму оној што се одгледува кај нас


Модриот патлиџан често се употребува, особено во овој период од годината. Пржен, печен, варен, како дел од кремасти салати или од зимници, него сите го сакаат.
Овој зеленчук кој важи за еден од најздравите плодови, потекнува од Индија. Уште многу одамна модриот патлиџан почнал да се одгледува во Азија, а потоа неговото семе било донесено и во Европа, каде што до ден-денес се одгледува. Постојат неколку сорти модар патлиџан, а истражувањата потврдиле дека најлековита сорта е токму онаа што се одгледува во нашите краишта.
Сортите на модри патлиџани имаат плодови со просечна тежина од 100 грама, па сѐ до еден килограм.
Во свежиот модар патлиџан има малку калории. Во 100 грама модар патлиџан има само 24 калории, што го прави одлична храна за сите што се на диета.
Во неговиот состав се содржани поголеми количества растителни влакна, особено целулоза, која е добра за варењето, како и витамините Б1, К, Ц, А и фолна киселина.
Модриот патлиџан е богат и со протеини, така што може да се користи и како замена за месо.

Го забавува развојот на клетките на ракот и го штити срцето

Најважното својство што го поседува модриот патлиџан е моќта да го заштити организмот од слободните радикали. Неговата кора содржи антиоксидант насунин, кој ги штити клетките од уништување и ги елиминира слободните радикали. Овој важен антиоксидант влијае врз исфрлањето на вишокот железо од телото и спречува појава на кардиоваскуларни болести.
Според резултатите добиени во една студија објавена во списанието „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, токму насунинот ефикасно го спречува процесот на ангиогенеза (развој на нови крвни садови од постојните) и со тоа помага да се потисне ширењето на туморските клетки.
Според податоци добиени од истражување направено од Министерството за земјоделство во САД, хлорогената киселина во составот на модриот патлиџан помага во борбата против слободните радикали, кои пак се главна причина за појава на рак.

Помага при варењето на храната

Поради горчливиот вкус, модриот патлиџан има корисен ефект врз олеснување на грчевите во стомакот и слични проблеми со варењето.

Го намалува холестеролот и е исклучително корисен за дијабетичарите

Модриот патлиџан има низок гликемиски индекс и затоа е многу поволна храна за дијабетичарите, додека хлорогената киселина, која исто така има антиоксидативно дејство, помага во намалување на лошиот холестерол.

Ја регулира телесната тежина

Модриот патлиџан е зеленчук со мала содржина на јагленихидрати, не содржи маснотии и има само 24 калории во 100 грама. Покрај тоа, оваа храна е богата и со растителни влакна, кои индиректно помагаат кон интензивирање на чувството на ситост.
Според некои истражувања, хлорогената киселина ефикасно придонесува за намалување на масните наслаги. Ова се предностите што го прават одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.

Окт 27, 2022agrotim3
Обезбедени услови за безбеден зимски авантуристички туризам во општините Дебрца и ГрамшБектеши: Европската помош од 80 милиони евра за најранливите граѓани, микро и малите фирми

Напишете коментар Откажи одговор

27/10/2022 Магазинмодар патлиџан120

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019