Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Постигнат е напредок во преговорите за извоз на жито од Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Постигнат е напредок во преговорите за извоз на жито од Украина
Агровести

Постигнат е напредок во преговорите за извоз на жито од Украина

Објавено 20/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера во Техеран изјави дека е постигнат напредок во преговорите за извоз на жито од Украина преку Црно Море и му заблагодари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за „посредувањето“.

„Би сакал да ви се заблагодарам за вашите напори за посредување, што ја понудивте Турција како основа за преговори за прашањата за производство на храна и извоз на жито преку Црното Море“, истакна Путин на средбата со Ердоган во Техеран.

Путин и Ердоган во текот на вчерашниот ден допатуваа во Техеран на разговори со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за судирот во Сирија и за војната во Украина.

Разговарале за механизмите што ќе овозможат извоз на жито од Украина, што е блокиран поради руската воена офанзива и постои опасност од светска криза со храна.

Преговорите со Москва, Киев, Анкара и Обединети нации треба да се одржат во следните денови во Турција, по напредокот постигнат на преговорите одржани на 13 јули.

Договорот, за кој се преговара под покровителство на ОН, има за цел да пренесе околу 20 милиони тони жито блокирано во украинските силоси преку Црното Море поради офанзивата предводена од Русија во Украина.

Руското Министерство за одбрана на 15 јули соопшти дека е подготвен „завршен документ”, со што би се дозволил извоз на жито од Украина.

Договорот, за кој се преговара под покровителство на ОН, има за цел преку Црно Море да се извезат околу 20 милиони тони жито блокирани во украинските силоси поради руската инвазија врз Украина.

Москва соопшти дека во Истанбул треба да се отвори координативен центар, кој ќе овозможи извоз преку Црното Море.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Украинацрно море
Претходен напис Обезбедени 62% зголемување на средствата за поддршка од ИПАРД програмата
Следен напис Во Германска пивница пивото го плаќаат со сончогледово масло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?