Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Постерот на 14-годишниот Павел од Куманово победи на глобалниот натпревар на ФАО: Земјоделецот е суперхерој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Постерот на 14-годишниот Павел од Куманово победи на глобалниот натпревар на ФАО: Земјоделецот е суперхерој
Агровести

Постерот на 14-годишниот Павел од Куманово победи на глобалниот натпревар на ФАО: Земјоделецот е суперхерој

Последна измена: 20/01/2021 14:52
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

И покрај силната конкуренција на деца и млади ширум светот четиринаесет годишниот Павел Милановски од Куманово е победникот на глобалниот натпревар на ФАО за постер по повод Светскиот ден на храната.

Во соопштението испратено од тимот стои благодарност до хероите на храната, а тоа како што велат се земјоделците и и работниците низ целиот синџир на снабдување со храна кои, без оглед на околностите, обезбедуваат храна за нашите заедници и пошироко.

– Оддавањето чест токму на овие херои го инспирираше 14-годишниот Павел Милановски од Куманово да ги преточи својот уметнички талент и имагинација во победнички постер кој им оддава чест на земјоделците како херои на храната #FoodHeroes. Павел ја освои првата награда во категоријата од 13-15 години на глобалниот натпревар на ФАО за постер по повод Светскиот ден на храната во 2020 година, во силна конкуренција на деца и млади ширум светот. Како млад уметник, Павел има освоено многу други национални и меѓународни уметнички натпревари на тем поврзани со руралниот живот, одржливото живеење и грижата за животната средина, стои во соопштението.

Според победникот Павел, земјоделецот е суперхерој, а не некој што едвај заработува за живот, затоа, тој смета дека не смееме да ја земаме храната и луѓето што ја произведуваат здраво за готово. Тие треба да бидат поддржувани да одгледуваат разновидна храна за да ги нахранат луѓето и да ја одржуваат нашата планета. 

– Кога Павел бил мал, неговите родители често го носеле во блиско село за набавка на свежи производи произведени од локален земјоделец. Тој бил поучуван дека со избирање на локално произведена храна, можеме да им помогнеме на малите земјоделци кои ја произведуваат нашата храна, на нивната локална економија, но и на животната средина, се наведува во соопштението.

– Да се почитува храната значи да се почитуваат производителите на храна и природните ресурси во нашата животна средина, вели Павел.

Инаку, Павел и стотици други млади натпреварувачи ширум светот се шампиони на целта на ФАО да се поттикне почит кон храната, кон луѓето што ја произведуваат, кон ресурсите кои притоа се искористуваат и, што е најважно, кон сите оние на кои храната им недостига.

Извор: Слободен печат

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:Земјоделецот е суперхеројПавелфао
Претходен напис Креирани се нови сорти на домати кои лечат висок крвен притисок и Паркинсонова болест?
Следен напис СН Осигурителен брокер АД Битола: Само ако сте побрзи, подобри и покреативни, ќе се издвоите од морето понуди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?