Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 28.12.2024 објави вкупно пет јавни повици за доставување на понуди за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, од кои еден за површини над 3 хектари (01/24), а четири за површини до 3 хектари (01/24, 02/24, 03/24 и 04/24).
Рокот за поднесување на понуди на повиците 01/24, 02/24, 03/24 и 04/24 за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари е 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот повик.
Рокот за поднесување на понуди на повикот 01/24 за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари е 45 дена сметано од денот на објавување на јавниот повик.
Кој може да достави понуда
На јавниот повик може да учествуваат:
1. Физички лица запишани во ЕРЗС
2. Правни лица со претежна дејност производство или преработка на примарни земјоделски производи
За кои парцели може да се достави понуда
Еден понудувач самостојно може да достави понуда за една парцела, повеќе парцели, или дел од катастарска парцела.
НАД 3 ХЕКТАРИ – Јавен повик бр. 01/24
Предмет на постапката на јавниот повик 01/24 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, или над кое има насад кој не е подигнат од страна на поранешен корисник на земјоделското земјиште во државна сопственост кој користењето го имал врз основа на склучен договор, акт на орган на државната управа или единица на локалната самоуправа или судска одлука врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.
Максималната површина за која еден понудувач може да достави понуда е до 30 хектари.
Намената на земјоделското земјиште е за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам, за период до 30 години.
РЕГИОН | КАТАСТАРСКИ ОПШТИНИ |
---|---|
Гази Баба | КО Маџари, КО Катланово, КО Трубарево, КО Орешани, КО Бунарџик, КО Бадар, КО Огњанци, КО Р’жаничино, КО Бујковци, КО Ајватовци, КО Арачиново, КО Илинден, КО Илинден-вонград, КО Синѓелиќ 3, КО Инџиково-вон град |
Струмица | КО Ново Село, КО Ново Село-вон град, КО Ангелци |
Пехчево | КО Пехчево |
Кисела Вода | КО Студеничани; КО Студеничани-вон град, КО Таор, КО Морани |
Гевгелија | КО Богданци |
Чаир | КО Бутел, КО Чаир |
Валандово | КО Дедели |
Куманово | КО Студена Бара |
Радовиш | КО Погулево, КО Ињево, КО Ињево-вон град |
Штип | КО Таринци |
ДО 3 ХЕКТАРИ – Јавни повици бр. 01/24, 02/24, 03/24 и 04/24
Предмет на постапката на јавните повици 01/24, 02/24 и 03/24 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.
Намената на закупот за која се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам, за период до 30 години.
Предмет на постапката на јавниот повик 04/24 може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има насад кој не е подигнат од страна на поранешен корисник на земјоделско земјиште во државна сопственост кој користењето го имал врз основа на склучен договор, акт на орган на државната управа или единица на локалната самоуправа или судска одлука врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.
Намената на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за одгледување на земјоделски култури.
РЕГИОН | КАТАСТАРСКИ ОПШТИНИ |
---|---|
Берово | сите |
Битола | сите |
Валандово | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Велес | сите |
Виница | сите |
Гази Баба | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Гевгелија | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Гостивар | сите |
Дебар | сите |
Делчево | сите |
Демир Хисар | сите |
Кавадарци | сите |
Кисела Вода | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Кочани | сите |
Кратово | сите |
Крива Паланка | сите |
Крушево | сите |
Куманово | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Македонски Брод | сите |
Неготино | сите |
Охрид | сите |
Пехчево | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Прилеп | сите |
Пробиштип | сите |
Радовиш | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Ресен | сите |
Росоман | сите |
Свети Николе | сите |
Струга | сите |
Струмица | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Тетово | сите |
Чаир | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Штип | сите, освен КО наведени во повикот 01/24 над 3 хектари |
Потребна документација за физички лица
1. Понуда (образец од МЗШВ),
2. Доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси,
3. Фотокопија од лична карта,
4. Потврда за упис во ЕРЗС и решение за регистриран вршител на земјоделска дејност/индивидуален земјоделец, или доказ од Централен регистар за регистриран трговец поединец,
5. Програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошката опременост, целта за која ќе го користи земјиштето и пазарните аспекти и износ на планирана инвестиција,
За подготовка на програма за користење на земјиште, понуда и соодветни изјави јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]
6. Изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар,
7. Изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, заверена на нотар,
8. Доказ за материјално – техничка опременост или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште,
9. Понуда за износот на годишната закупнина,
10. Изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор,
11. Геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост),
12. Доказ дека земјоделското земјиште не се наоѓа во границите на градежен опфат (од општината на чие подрачје се наоѓа земјоделското земјиште) не постар од денот на објавата на јавниот повик,
13. Изјава од понудувачот дека е сопственик на долгогодишниот насад и истиот е подигнат од негова страна, заверена на нотар (доколку има)
Дополнително само за јавен повик бр. 01/24 над 3 хектари:
14. Банкарска гаранција за учество на јавен повик во висина на понудена деветмесечна закупнина,
Потребна документација за правни лица
1. Пoнуда (образец од МЗШВ)
2. Доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица,
3. Доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување,
4. Бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти и очекувани производно-економски резултати и износ на планирана инвестиција
За подготовка на бизнис план, понуда и соодветни изјави јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]
5. Изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот повик, заверена на нотар,
6. Изјава заверена на нотар за веродостојноста на податоците дадени со пријавата за учество,
7. Доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар),
8. Понуда за износот на годишната закупнина,
9. Изјава од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор, заверена на нотар,
10. Геодетски елаборат за кое земјоделско земјиште во државна сопственост се однесува понудата за добивање во закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост)
11. Доказ дека земјоделското земјиште не се наоѓа во границите на градежен опфат (од општината на чие подрачје се наоѓа земјоделското земјиште) не постар од денот на објавата на јавниот повик.
12. Изјава од понудувачот дека е сопственик на долгогодишниот насад и истиот е подигнат од негова страна, заверена на нотар (доколку има)
Дополнително само за јавен повик бр. 01/24 над 3 хектари:
14. Банкарска гаранција за учество на јавен повик во висина на понудена деветмесечна закупнина.