Земјоделците во Србија годинава ги зголемиле површините што ги посеале со сончоглед затоа што на оваа маслодајна култура ѝ е потребно помалку азотно минерално ѓубриво отколку на пченката, но и затоа што се очекува добра откупна цена, изјави вчера претседателот на Независното здружение на српски фармериЈовица Јакшиќ.
„Сè уште нема прецизни податоци колку се зголемени засеаните површини под сончоглед, а колку се намалени кај пченката, но очигледно е дека соодносот во засеаните површини е променет, а причината за тоа е што на сончогледот му треба помалку од прескапото минерално ѓубриво отколку на пченката“, изјави Јаксиќ за Бета.
Тој додаде дека уште една причина за поголем интерес за сеидба на сончоглед е тоа што се очекува добра откупна цена поради војната во Украина која е голем производител и зошто понудата на тој земјоделски производ во светот ќе биде помала и неговата цена на берзата повисока.
Јакшиќ рече дека откупувачите на сончоглед, сметајќи ги трошоците за сеидба, се очекува да понудат откупна цена на сончогледот од 115 динари за килограм без ДДВ.
Според неговите зборови лани сончогледот се откупувал по цена од 58 динари за килограм без ДДВ, пренесува agronews.rs.
