Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: Просечната нето плата во ТИРЗ ја надмина просечната нето плата во државата и изнесува 29.599 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: Просечната нето плата во ТИРЗ ја надмина просечната нето плата во државата и изнесува 29.599 денари
Агровести

Деспотовски: Просечната нето плата во ТИРЗ ја надмина просечната нето плата во државата и изнесува 29.599 денари

Објавено 06/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Просечната нето плата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) лани била 29.599 денари што е три проценти повеќе од просечната плата во државата, а просечниот број вработени достигнал 13.650 за разлика од 2020 година кога бил 13.014, соопшти денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Презентирајќи ја годишната анализа за економските активности во зоните, Деспотовски информира дека вкупно исплатената државна помош за ТИРЗ лани била 731 842 688 денари, додека вкупните уплати од зоните во Буџетот изнесувале 1 958 029 059 денари од кои 167 403 585 денари данок на плати и надоместоци и 1 790 625 474 денари придонеси од задолжително социјално осигурување.

Вкупно 22 компании од ТИРЗ бележат зголемување на бројот вработувања, седум намалување, а пет се со ист број вработени. Во однос на приходите, 24 фирми евидентирале пораст, а осум пад.

-Задоволство ми е да ги презентирам бројките зашто пред овој мој мандат, поставивме јасна цел – преку новиот концепт за поттикнување инвестиции директно да се придоенсе за раст на стандардот на граѓаните. Прв пат во изминатите 15 години просечната плата во зоните ја надмина просената плата во националната економија. Растот на платите се должи на ангажманот на компаниите, веќе и има делумна промена на структурата на вработените, но се должи и на реализација на дел од новите инвестиции, на модифицирањето на мерката за креирање работни места која се врзува со одредено ниво на плати и пораст на плати, како и на можноста компаниите да користат поддршка за вештини на вработените, истакна Деспотовски на прес-конференција во Владата.

Според него, анализата покажува и дека 18 компании лани оствариле добивка, а 16 компании забележале загуби.

-Во 2020 година, добивка имале 15 компании, а со загуба работеле 18 фирми. Износот на нето добивката во 2021-ва бил 5 981 832 469 денари што е +10,86 проценти, додека во 2020-та изнесувал 5 395 836 520 денари или -23,13 отсто. Нето загубата лани била 1 623 827 245 денари или +2,26 проценти, а во 2020-та изнесувала 1 587 880 015 или +63,38 проценти, напомена Деспотовски, додавајќи дека вкупната актива во зоните лани била 102 350 007 121 денар што е раст од 7,14 отсто во споредба со 2020 година, но и пад од 2,02 процента во однос на 2019 година, рече Деспотовски, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и 13,1% на вкупната кредитна поддршка
Таг:ТИРЗ
Претходен напис Намален водостојот на Охридското Езеро
Следен напис Поради скапите минерални ѓубрива и очекување на добра откупна цена, во Србија сè повеќе површини под сончоглед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?