Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради продолжување на рокот за аплицирање по ИПАРД 2014-2020 продолжуваат и Инфо деновите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради продолжување на рокот за аплицирање по ИПАРД 2014-2020 продолжуваат и Инфо деновите
Агровести

Поради продолжување на рокот за аплицирање по ИПАРД 2014-2020 продолжуваат и Инфо деновите

Последна измена: 15/11/2019 10:35
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Телото за управување со ИПАРД ја продолжува Кампањата за публицитет на Програмата со нови инфо денови во согласност со продолжувањето на рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2014-2020 Програмата од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сите заинтересирани, наместо на 18. ноември апликациите ќе може да ги доставуваат до 3. декември 2019 година.

На овие Инфо денови претставници од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат заинтересираните за сите детали поврзани со ИПАРД 2014-2020, особено за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ и за мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.

Телото за управување со ИПАРД организира дополнителни инфо денови на следниве места и датуми:

·  18 ноември 2019 (понеделник) Карбинци од 11.00 часот во Салата на општината  

·  18 ноември 2019 (понеделник) Василево од 15.00 часотво Салата за совет на општината

·  19 ноември 2019 (вторник) Новаци од 11.00 часот во општинската сала

·  19 ноември 2019 (вторник) Долнени од 15.00 часот во општинската сала

·  22 ноември 2019 (петок) Бутел од 10.00 часотво Сала за состаноци на општина Бутел  

·  22 ноември 2019 (петок) Јегуновце од 14.00 часот во Салата за состаноци на општината

Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развоји Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Може да ви се допадне

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Состојба на патиштата
Отчет за сработеното во првата година на Владата
Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули
Од 1 јули целосно се забранува движењето низ македонските шуми
Таг:инфо деновиИпардкампањамеркипрограма
Претходен напис Извозот на производи од ЕУ достигна 12 милијарди евра, а најмногу се бара пченица, свинско месо и сирење
Следен напис Зошто е важно да се изораат стрништата?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?