Поради појава на Африканска свинска чума забранет е ловот на ловиштата со кои стопанисува Ловното здружение ,,М. Каменица Саса”.
Во известувањето до членството, од Ловното друштво информираат дека забраната започнува да важи од 7 јануари 2022 година.
-Се известуваат сите ловци членови на Ловечкото Здружение М.Каменица – Саса од Македонска Каменица дека заклучно со 07.01.2022 година со Решение од Агенција за храна и ветеринарство се забранува ловот за секаков вид на дивеч поради појава на болеста Африканска свинска чума – стои во известувањето од Ловечкото Здружение од Македонска Каменица.
Како причина за забраната се наведува појавата на Африканска свинска чума која е регистрирана во одгледувалиште за питоми свињи во село Драмче.
