Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Помошта од 6.000 денари ќе може да се троши и во готовина без рокови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Помошта од 6.000 денари ќе може да се троши и во готовина без рокови
Агровести

Помошта од 6.000 денари ќе може да се троши и во готовина без рокови

Последна измена: 22/12/2020 11:22
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Сега парите може да  се искористат во кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

-Добив финансиска помош, но картичката на мојата трансакциска сметка е истечена.Од банката ме информираа дека нема потреба да ја обнова доколку не ја користам и дека може парите да ги подигнам во готовина, вели нашиот соговрник Ѓорги Атанасов.

Од банките информираат дека помошта од 6000 денари може да се искористи во готовина.

– Тоа се пари наменети за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите може да се користат непречено веднаш по уплата на сметката. Овие средства се и остануваат за граѓаните. Дополнително целта е и да се поддржи домашната економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, наведуваат од Владата.

Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра. На страницата  kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

Извор: Локално

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:6000 денарикартичкикупи домашнопари
Претходен напис Нови специјалистички стручни студии „Безбедност и квалитет на храната” на Факултетот за ветеринарна медицина
Следен напис Данска го забрани одгледувањето визони до крајот на 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?