Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови специјалистички стручни студии „Безбедност и квалитет на храната” на Факултетот за ветеринарна медицина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови специјалистички стручни студии „Безбедност и квалитет на храната” на Факултетот за ветеринарна медицина
Агровести

Нови специјалистички стручни студии „Безбедност и квалитет на храната” на Факултетот за ветеринарна медицина

Објавено 22/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нова студиска програма од втор циклус специјалистички стручни студии „Безбедност и квалитет на храната” акредитираше Одборот за акредитација на високото образование на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје. Овие студии се од подрачјето на биотехничките науки, поле на ветеринарна медицина, а право за запишување ќе имаат дипломираните студенти од областите на ветеринарната медицина, земјоделските науки, природните науки, медицински науки, соопшти денеска Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

– Како институција што создава кадар кој е одговорен за ветеринарното јавно здравство, имаме за цел да го обезбедиме концептот на т.н. „Едно здравје”, односно преку грижа за животните да се грижиме за здравјето на луѓето. Со акредитацијата на оваа студиска програма „Специјалист по безбедност и квалитет на храна”, ние остваруваме нова димензија на нашата цел, и убедени сме дека нашата институција ќе обучи навистина квалитетен кадар кој ќе се грижи за безбедноста и квалитетот на храната од животинско потекло, истакнува деканот проф. д-р Лазо Пендовски од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

По завршувањето на специјалистичките стручни студии, студентите ќе се стекнат со специјалистички стручен назив „Специјалист по безбедност и квалитет на храна” (Specialist of food safety and quality). Во доменот на оваа струка специјалистите ќе се грижат за безбедноста и квалитетот на храната, ќе учествуваат во планирање и креирање на политиките и програмите од областа на безбедноста и квалитетот на храната, а ќе изготвуваат и прописи од областа на ветеринарното јавно здравство.

-Примената на нови технологии и сè поголемиот број додатоци во производството на храна со цел продолжување на нејзиниот рок на употреба и разновидноста, бара сериозни анализи за проценка на безбедноста на храната, оваа програма цели да обучи кадар кој ќе може да спроведе квалитетна анализа и проценка, укажуваат од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје

Наставната програма ќе ги обучи студентите да извршуваат мониторинг на антимикробна отпорност, како и резидуи и недозволени супстанци кај храна, производи и суровини од животинско потекло, хемиски анализи на храната, како и да спроведуваат постапки за производство, обработка и манипулација со храна и утврдување на исполнетоста на барањата за безбедност и квалитет на храната и ветеринарното здравство за операторите со храна. 

МИА

Може да ви се допадне

Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Таг:Ветеринарен факултетнови студиифакултет
Претходен напис Бочва со вино, продадена на аукција за повеќе од 150 000 евра!
Следен напис Помошта од 6.000 денари ќе може да се троши и во готовина без рокови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?