Полскиот министер за земјоделство, Хенрик Ковалчик, денеска поднесе оставка поради гневот на земјоделците, бидејќи увозот на украинско жито влијае на цените во Полска.
Ковалчик рекол дека одлучил да ја напушти функцијата поради одлуката на Европската комисија да го продолжи увозот на украинско жито без царина до јуни 2024 година, објави Ројтерс.
Полските земјоделци повикаа на воведување царини.
-Бидејќи е јасно дека Европската комисија во овој момент нема да го исполни ова барање, решив да поднесам оставка од функцијата министер за земјоделство – рече Ковалчик.
Големи количини украински жито, кои се поевтини од оние произведени во Европската Унија, завршија во централноевропските држави, што влијаеше на цените и продажбата на локалните земјоделски производители, соопшти агенцијата..
Премиерите на пет земји, меѓу кои и Полска, испратија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое бараат да се преземат мерки за увоз на украински земјоделски производи.
Тие посочиле дека царините можеби ќе треба повторно да се воведат доколку има прилив на жито и други производи од Украина што не може да се запре со други средства.
