Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полска нема да го затвори рудникот за јаглен и покрај одлуката на Европскиот суд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полска нема да го затвори рудникот за јаглен и покрај одлуката на Европскиот суд
Агровести

Полска нема да го затвори рудникот за јаглен и покрај одлуката на Европскиот суд

Објавено 25/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки потврди дека Варшава нема да го затвори рудникот за јаглен во Туров, во југозападниот дел на земјата, и покрај одлуката на Европскиот суд рудникот веднаш да запре со работа.

– Не предвидуваме затворање на рудникот и нема тоа да го прифатиме бидејќи може да го загрози снабдувањето со енергија на Полска, изјави Моравјецки.

Европскиот Суд на правдата во петокот и наложи на Полска веднаш да ја прекине работата во рудникот во Туров, на границата со Чешка и Германија, со кој управува државната компанија ПГЕ. Чешките власти се пожалија дека рудникот ги користи подземните води на земјата и има негативни ефекти врз локалното население. Полскиот премиер рече дека неговата земја ќе разговара со соседната Чешка, која побара од Европскиот суд за правда побара одлука за итно запирање на експлоатацијата на отворениот рудник во близина на границите со Чешка и Германија.

Варшава исто така планира да претстави нови аргументи пред Европскиот суд на правдата, со седиште во Луксембург. По одлуката во петокот, случајот подоцна треба детално да се разгледа. Чешките власти сметаат дека експлоатацијата на тој рудник, кој работи од 1904 година, има негативно влијание врз животната средина на пограничните области, каде штолокалното население се жали на бучава, прашина и недостиг на вода.

Рудникот за лигнит овозможува снабдување на околу седум проценти електрична енергија во Полска. Полската државна енергетска компанија ПГЕ, која стопанисува со рудникот, смета дека од него ќе вади јаглен до 2044 година и сака да го прошири од 25 на 30 квадратни километри. Полска се потпира на јаглен за околу 80 проценти од својата електрична енергија и вработува околу 80.000 луѓе во рударскиот сектор. Сепак, таа вети дека ќе развива обновлива енергија и предвидува постепено затворање на нејзините рудници до 2049 година, со цел да одговори на целите на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:јаглен
Претходен напис Времето денеска сончево и топло со температура до 33 степени
Следен напис Џеф Безос веќе не е најбогат на светот – Кој е Бернар Арно – човек што „тежи“ 186,3 милијарди долари?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?