Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полска бара Европската Унија да ја врати царината за украинските житарки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полска бара Европската Унија да ја врати царината за украинските житарки
Агровести

Полска бара Европската Унија да ја врати царината за украинските житарки

Објавено 30/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полскиот министер за земјоделство, Хенрик Ковалчик, најави дека Варшава ќе побара од Европската комисија да ја врати царината за житарките од Украина, кое наместо само да транзитира низ Полска и да биде извезено во земјите од Африка и Азија, во голема мера пристигнува на пазарот на земјите членки на ЕУ.

-Ќе се обидеме што побрзо да извеземе од Полска најголема количина жито од Украина. Владата ќе побара од ЕК посебни мерки за заштита на полско-украинската граница. Ќе има и строги фитосанитарни контроли. Стоката од Украина ќе биде пуштена само кога ќе се потврди дека нема опасност, изјави синоќа Ковалчик по завршувањето на преговорите со земјоделците, односно вториот круг од тркалезната маса за нивните проблеми поради украинските житарки.

Полската Влада, со барање да ги врати царините и да плати депозит еднаков на разликата меѓу украинските и полските цени при увоз додека стоката не се извезе, ќе создаде и можност за извоз на украинското жито, што е складирано во силосите во Полска, како хуманитарна помош, а исто така ќе се бараат нови пазари.

-Превозот на жито ќе има приоритет во транспортот и логистиката, исто како што имаше јагленот во текот на зимата, посочи Ковалчик.

Благодарение на тие ветувања полските земјоделци на чело со синдикатот Агроунија се откажаа од најавените протести и блокади.

Покрај полските земјоделци и земјоделците во Чешка протестираа поради пониските откупни цени на житото и поради „тесното грло“ во полските пристаништа на Балтикот, каде што нема доволно капацитет за брз претовар на толкави количини жито во бродови, а за домашните производи нема место.

Лидертот на Агроунија, Михал Колоѓејчак, изјави дека ако не се изнајде решение ќе уследат протести во април.

Ковалчик вети дека Владата ќе издвои две милијарди евра за да ги надомести загубите на полските земјоделци на пазарот за жито и канола.

Чешка ја поддржа полската иницијатива украинското жито да се извезува преку така наречените солидарни коридори, но да има посилни контроли.

Чешката аграрна комора предупреди на дополнителен проблем што во Украина се користат пестициди кои се забранети во ЕУ.

Украинската пченица не заврши во земји кои зависат од увозот на храна, туку на европскиот пазар без да ги исполнуваат стандардите за квалитет за европскиот пазар, а од украинските земјоделци не се бараше да бидат толку внимателни кон животната средина како што се бара од европските земјоделци. Бидејќи во ЕУ земјоделските производи не ги увезуваат земјоделците туку трговците, украинските земјоделци добија само мал дел од цената, изјави претседателот на Аграрната комора на Чешка, Јан Долежал.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:полскапченица
Претходен напис Интегрирано управување со штетници за побезбедно земјоделско производство
Следен напис Минатата година е регистрирано намалување на земјоделските површини, а зголемување на производството кај сите посеви, освен кај краставиците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?