Грчки фармер произвел мини лубеници со големина од орев до тениско топче, чија тежина не преминува 200 грама.
Однадвор изгледаат како обични лубеници, но внатре се меки, а семките се распоредени во средина како и кај лубениците со регуларна големина.

Фармерот Панајотис Јилтидис од местото Нео Ајонери од областа Килкис на северот на Грција на шега вели дека неговите лубеници се како создадени за женска вечерна чанта, бидејќи некои од нив се нешто малку поголеми од кармин.
Тој откри дека за овој потфат се одлучил кога постар човек од Израел му пратил семе.

„Луѓето овде се посветени на култивација на лубеници и дињи и јас се сомневав на почетокот. Оваа година, меѓутоа, гледам дека сме на прав пат“, вели Јилтидис, познат по одгледување на овошје и зеленчук со звуците на класичната музика, пренесува Greek Reporter.
Фармерот раскажува дека неодамна ги покажал мини лубениците на сопственик на ресторан и продавач на органска храна на Халкидики, кои покажале интерес.
Сепак признава дека одгледувањето на мини лубеници не е профитабилно бидејќи ова овошје мора да развие обилни лисја за да се добие лубеница од 150 грама.

Извор: agrosavjet.com
