Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.11.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,881%, кај дизелот за 1,145%, кај екстра лесното за 1,165% и кај мазутот намалувањето е за 2,707%.
Од 19.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,962 (денари/килограм).
