Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, цените треба да се намалат најмалку за десет проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, цените треба да се намалат најмалку за десет проценти
Агровести

Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, цените треба да се намалат најмалку за десет проценти

Објавено 31/10/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, училиштата и јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и непречено да се одвива образовниот процес во претстојниот зимски период, се дел од последните мерки за справување со кризата, што Владата ги донесе на вчерашната седница и со кои ќе бидат опфатени околу 200 компании.
Доколку со новите мерки не се намали цената на основните прехранбени производи, Владата ќе спроведе други механизми, односно замрзнување на цените. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција, информираше дека за компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата одлука, Владата очекува дека ќе се влијае врз стабилизирањето на крајната цена на основните прехранбени производи.
– Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, нагласи Ковачевски.
Од Владата потсетуваат дека веќе било јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваквата одлука би требало цените да се намалат најмалку за 10 проценти. Основните и средните училишта, пак, ќе имаат можност до 1 декември да склучат договор со ЕСМ продажба за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а по истата цена со електрична енергија ќе може да се снабдуваат и јавните комунални претпријатија. – Можност за снабдување со електрична енергија обезбедувме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и од одведување на отпадни води кои работат со пуктни и прочистителни станици со што ќе обезбедиме непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават час електрична енергија, нагласи Ковачевски. Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека се работи за околу 200 компании и посочи дека ќе се помогнат овие компании со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и да не се зголеми цената на водата.
– Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна Бектеши на вчерашната прес-конференција. Бектеши, исто така, очекува денеска или утре на седница на Собранието да биде усвоен и Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите.
– Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот. Владата, исто така, донесе одлука со која на општините и на Град Скопје им се забранува основање јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес, јавно осветлување со цел да се спречи злоупотребата и манипулациите при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:прехранбена индустријацени
Претходен напис Времето денеска сончево и релативно топло со слаб ветер
Следен напис Цената на житарките се зголеми откако Русија се повлече од извозниот договор на Црното Море
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?