Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите
Агровести

Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите

Објавено 05/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На предлог на надлежното министерство, Владата усвои законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите, вели Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја. Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.

Во тек е повикот за Мерка 3 од ИПАРД, можност да се искористат 5 милиони евра за фотоволтаици, нова технологија, машини, ладилници…

Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза.

Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.

Овој предлог наскоро ќе се најде и пред пратениците во македонското Собрание. Очекувам и повикувам сите пратеници, да покажат одговорност и да ги поддржат овие законски измени.

СДСМ и коалицијата, преку Владата што ја предводат преземаат мерки веќе 1 година за намалување на ценовните шокови, ублажување на последиците кои ги чувствуваат сите граѓани и компаниите. За граѓаните да бидат заштитени да може да го издржат притисокот врз семејните буџети Владата односно државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните. Тоа е сериозна мерка со што граѓаните плаќаат само околу 20% од цената.

Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помали приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

Зголемено е и домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

Тука се и нашите социјалдемократски политики за покачување на платата, за поврат на ДДВ, за минималната плата, цел еден сет на економски мерки за поддршка на стандардот на граѓаните.

Тоа е одговорно и државнички во време на светска енергетска криза.“, вели Георгиевска.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:марија георгиевскафотоволтаици
Претходен напис Бачовски: Се продолжува рокот за аплицирање за Мерка 3 – инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД 2 програмата
Следен напис Бербата на грозјето во дел од Европа започна три недели порано, некаде се бере и навечер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?