Градинарското производство, за да биде што е можно поуспешно потребно е почвата во есен длабоко да се изора и да се стави арско ѓубриво или пак некое минерално ѓубриво. Пред примената на ѓубривата многу е важно да се утврди нивото на азот во почвата па врз основа на тој податок ќе биди утврдена и количината на потребно ѓубриво.
По правило, во есен се прави длабоко орање, и тоа за сите посеви кои ќе се сеат на пролет, освен на местата каде што има опасност од ерозија во текот на зимата, велат експертите.
Изораната земја, во текот на есента и зимата ќе акумулира доволно влага за летниот период, мразот ќе ги иситни грутките и ќе ги уништи бројните штетници и корови во почвата. Правилната обработка на почвата е од исклучително значење бидејќи треба да се сочува или да се поправи нејзината физичко-хемиската структура и другите микробилолошките својства. Тоа е особено важно во интензивното производство каде во текот на годината ќе се менуваат повеќе видови на култури.
Нивите кои се длабоко изорани во есен, нема потреба да се ораат повторно на пролет бидејќи така може да се изгуби многу влага, бидејќи на површината ќе се извадат долните слоеви земја, а влагата од нив лесно испарува.
Извор: Агроклуб
