Сеидбатата на морков може да започне веќе во март во зависност од временските услови. На морковот му одговараат лесни почви со добри карактеристики. Во набиени, тешки, глинести почви, се јавуваат разни деформации на коренот.
Семето од морков е многу ситно. Во еден грам има од 1.000 до 1.500 темни семки. Ртењето е бавно и потребни се меѓу 14 и 21 ден за да никне.
Активирајте го семето
Семето на морковот рти и никнува полека, бидејќи на неговата површина има етерично масло. За да се активира семето, потребно е да се измие ова масло. Ставете го во платнена кеса или потенко детско чорапче и потопете го во топла вода со температура од 45 до 50 степени Целзиусови. Ќесичката со семките оставете ја во водата додека не се излади. Потоа извадете го семето, ставете го на сува крпа и оставете го да се исуши на собна температура. Вака подготвено ќе никне побрзо.
Сеење на моркови
Пред сеидбата потребно е да се подготви почвата. Особено е потребно површинскиот слој да се иситни на длабочина од 5 до максимум 10 см. Самата гредичка треба да биде малку подигната од остатокот од земјата. Со тоа ќе спречиме водата да се слева во гредичката, односно ќе го подобриме исцедувањето. Ова е особено важно бидејќи пролетта често е врнежлива и со зголемена влажност на почвата. Покрај тоа, подигнатите гредички се загреваат побрзо.

Можете да изберете рани или доцни сорти. Во зависност од должината на корените, тие можат да бидат долги, кратки или мали, тркалезни. Исто така, бојата на корените може да биде различна, но најчесто се одгледуваат портокалови, а потоа виолетови сорти.
Семето има природно темна боја. Ако е црвено, сино, зелено или некоја друга боја, тоа ќе биде знак дека е третирано со инсектицид. Има и пилирано семе кои е обложено со хранливи материи. Вака подготвено е во форма на мало топче и полесно се сее.
Длабочината на сеењето е до 2 см.
Проретчување и окопување
Морковите се сеат во претходно ископани мали канали со растојание меѓу редовите од 20 до 25 см. Растојанието зависи од сортата, снабдувањето со влага и хранливи материи и другите применети земјоделски техники. Растојанието во редот е околу 3 см. Ако видиме дека никнало премногу густо, околу две недели по никнувањето, потребно е да се разретчи растојанието меѓу растенијата од 2 до 3 см. При корнењето внимавајте да не ги оштетите корените на растенијата што ги оставате. Однесете ги искорнетите моркови во купот компост или во градината. Во спротивно, тој мирис ќе ги привлече штетниците на морковот.

Важно е семето и младите растенија да имаат доволно влага во почвата. За време на растењето, окопувањето се прави два до три пати. Прихраната се прави еднаш или двапати.
Морковот можете да го сеете во три сеидбени рокови. Освен во рана пролет, сеидбата може да се врши во доцна пролет и на почетокот на летото. Ова ќе обезбеди континуирана берба.
Обрнете внимание на влажноста на почвата
Може да се случи откако ќе го посееме и ќе почне да никнува семето, да дојдат сончеви денови кои ќе го исушат површинскиот слој на почвата и чувствителните никулци кои почнале да се развиваат. Затоа треба да се обрне внимание на влажноста на почвата.
Извор: agroklub.com
