Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнуваат активности за затворање на комуналната депонија во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнуваат активности за затворање на комуналната депонија во Кочани
Агровести

Почнуваат активности за затворање на комуналната депонија во Кочани

Објавено 15/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фирмата изведувач која е задолжена за затворање на депониите од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот плански регион, од 19 август ќе ги почне активностите за затворање на комуналната депонија во Кочани.

Постапката за затворање е договорена на работната средба што градоначалникот Љупчо Папазов ја имаше со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, со претставниците задолжени за реализација на проектот од Министерството за животна средина и Министерството за финансии, како и со избраните изведувачи за затворање на непрописните депонии.

-На состанокот му претходеше интензивна комуникација, проследена и со официјални дописи од Општина Кочани, во кои од органите на централната власт се бараше техничка и финансиска поддршка во решавањето на состојбата со депонијата кај селото Бели. Граѓаните на Кочани се соочија со неповолна состојба и несакани ефекти од депонијата откако беа затворени депониите во Виница, Зрновци и во Чешиново-Облешево, поради што за 50 отсто се зголемија количините на отпад на ѓубриштето во Кочани, се истакнува во писмената информација од општинската админстрација.

Поради честите опожарувања и испуштањето густ чад од депонијата, во изминатиот период КЈП „Водовод“, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани интервенираа со механизација и формирање заштитен појас за спречување на ширењето на пожарот од ѓубриштето кон соседните површини.

Паралелно со активностите за затворање на депонијата, во комуналното претпријатие „Водовод“ тече постапка за набавка на морски алги за еколошки третман и спречување на самозапалувањето на метанот од отпадот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активностидепонијазатворањеКочани
Претходен напис Мицкоски очекува во маркетите на Лидл 50 проценти од производите да бидат македонски
Следен напис Продолжува гаснењето од воздух и од земја на пожарот во НП „Преспа” во општина Пустец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?