Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува заштитата од град со авионско засејување на облаците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува заштитата од град со авионско засејување на облаците
Агровести

Почнува заштитата од град со авионско засејување на облаците

Објавено 18/05/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го потпиша Договорот за јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“ со што почнува и реализацијата на заштитата од град со авионско засејување на облаците.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на УХМР, Ивица Тодоровски денеска на спортскиот аеродром Стенковец присуствуваа на првиот пробен лет на авионите кои ќе вршат засејување на облаците. Средствата за проектот вреден околу 60 милиони денари, се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

-Со овој модерен систем на заштита од град ќе придонесеме да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе го заштитиме трудот на земјоделците. Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање град се нанесува директно на критичната облачна маса, изјави министерот Димковски.

Директорот Тодоровски посочи дека оваа метода вклучува засејување на градонoсните облаци со реагенси, односно со сребрен јодид. -Откако редарските центри на УХМР ќе ја детектираат нестабилната воздушна маса во која се создава градот, јавуваат до економскиот оператор и тој треба во најбрзо време и на најквалитетен начин да изврши засејување на воздушните маси со сребрен јодид, објасни Тодоровски. Засејувањето на облакoт базира на концептот на „корисна конкуренција“ што значи дека зрната град што се формираат во рамки на засејаниот облачен волумен ќе бидат со помали димензии.

Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на цела територија на државата. Овој модерен систем, како што наведува Министерството за земјоделство, освен заштита на земјоделското производство од временски непогоди, ќе придонесе и за намалување на сумата што изминатите години се издвојува за исплата на обесштетувања.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:авионзесејувањеухмр
Претходен напис Расте светското производство на пченица, а исто така расте и потрошувачката и снабдувањето?
Следен напис СН Осигурителен Брокер А.Д Битола подари вредносни ваучери на здраствените работници во Битола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?