Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 – фокусот годинава е на зелени решенија и иновативни технологии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 – фокусот годинава е на зелени решенија и иновативни технологии
Агровести

Почнува ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 – фокусот годинава е на зелени решенија и иновативни технологии

Објавено 29/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Арената „Борис Трајковски“ денеска ќе биде отворен Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024. Оваа саемска манигфестација што ја организира Скопски Саем, ќе трае до 31 октомври.

На отворањето на саемот, како што најавија организаторите, ќе присуствуваат првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, 

Саемот ќе биде отворен за посетителите секој ден од 10.00 до 18.00 часот. 

ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година е посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. За време на трите дена од саемот, ќе се претстават повеќе од 30 компании од земјава и од регионот, кои ќе ги презентираат своите производи, технологии и услуги, фокусирани на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и модерни технолошки процеси.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 претставува и уникатна можност за деловна посета на компаниите од овие индустрии и размена на идеи и контакти меѓу професионалците, како и проширување на бизнис мрежите во насока на дефинирање на идните технолошки насоки за обликување на индустриите во иднина и придонес кон подобра енергетска иднина. Од друга страна, посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите енергетски технологии, машини и индустриски опрема и да проследат презентации, програма на изложувачите, трибини и панел дискусии со експерти од областа за актуелните трендови во енергетската индустрија, одржливите извори на енергија и иновациите во производството.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024зелени решенијаиновативни технологии
Претходен напис Слаба утринска магла во некои котлини, преку ден сончево
Следен напис Трибина во Прилеп за превенција на болеста чума кај малите преживари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?