Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна обновата на 19 километри од патот Прилеп-Градско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна обновата на 19 километри од патот Прилеп-Градско
Агровести

Почна обновата на 19 километри од патот Прилеп-Градско

Објавено 22/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна поставувањето нов асфалт на делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско. Тоа значи дека ќе се обноват 19 километри од оваа делница на патот, а зафатот ќе чини околу четири милиони евра.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми направи увид во работите, неопходна е рехабилитацијата на патот кој е една од потешките делници на фекрекфентниот магистрален пат Градско-Прилеп.

-Денеска сме на увид на превојот Плетвар каде што се врши рехабилитација на овој патен правец со вредност од 4 милиони евра. Оваа делница е неопходна врска за Пелагонија, потребна беше нејзина рехабилитација за да обезбедиме безбеден и квалитетен сообраќај за поврзување на централниот и јужниот дел од државата.  Ќе се рехабилитираат 19 километри и уште еднаш сакам да упатам апел до сите возачи да имаат трпение со цел безбедно одвивање на сообраќајот во овој период додека се врши рехабилитацијата.  Реконструкцијата на превојот Плетвар следи кога активно го градиме експресниот пат од Градско кон Прилеп. Генерално интензивно се работи по целата патна мрежа низ државата. Визијата е да изградиме брзи и безбедни патишта за развојот на Прилеп, Битола и целиот Пелагониски регион, изјави Бочварски.

Бочварски најаваи дека наредниот меец ќе почне рехабилитацијата и на патот Битола-Меџитлија, битен за поврзувањето на Пелагонискиот регион со другите делови од државава и со соседните земји.

-Наскоро ќе започнеме и со рехабилитација на патниот правец Битола – Меџитлија. Очекуваме во разумен рок сите овие крупни капитални проекти да го дадат посакуваниот ефект за сегашните и за идните генерации.  Свесни дека сме економскиот потенцијал на овој регион е огромен и затоа Владата е посветена на подобрување на инфраструктурата, гасификацијата и обезбедување на услови како за подобрување на животот на граѓаните, така и за развојот на бизнисите и компаниите, рече Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми нагласи дека изведувачот на работите Стентон Градба и Грин Лајн со надзорот Диви веќе работат на механичко сечење на асфалтот, поставување нови рабници, машинско гребење на постоечкиот асфалт, по што започна и афалтирањето. Рустеми потсети на паралелните работи на експресниот пат Градско-Прилеп каде деновиве беше пробиен еден од двата тунели и ја најави рехабилитацијата на патот Битола-Меџитлија.

-Очекуваме со почетокот на зимата граѓаните од овој регион да возат по нова рехабилитирана делница што ќе значи и нивна поголема сигурност и безбедност. Инаку, интензивно се работи на експресниот пат Градско-Дреново, на кој во иднина треба да се надоврзи и изградбата на автопатот Прилеп-Битола кој треба да го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Со рехабилитацијатата, пак на магистралниот пат Битола-Меџитлија ќе се поврземе брзо и безбедно со Република Грција. Работите ќе почнат од први јули, рече Рустеми.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Прилеп-Градско
Претходен напис Земјоделци протестираат во Холандија поради новите еколошки мерки
Следен напис Стартуваше бесплатната оџачарска услуга во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?