Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Побрзајте, уште 17 дена е отворен повикот на ФИТР за грант од 320.000 евра, еве кои услови треба да се исполнат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Побрзајте, уште 17 дена е отворен повикот на ФИТР за грант од 320.000 евра, еве кои услови треба да се исполнат
Фондови

Побрзајте, уште 17 дена е отворен повикот на ФИТР за грант од 320.000 евра, еве кои услови треба да се исполнат

Објавено 30/10/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 04.10.2022 год. го објави јавниот повик за инструментот Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. На јавниот повик може да аплицираат претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност.

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци.

ВИСИНА НА ГРАНТ

Финансиската поддршка за поединечен проект изнесува до 320.000 евра односно 20 милиони денари. ФИТР кофинансира до 70% од вкупниот буџет за поединечен проект, и тоа:

  • 70% од буџетот за компании со помалку од 50 вработени и годишен приход до 2 милиони евра во последните две години
  • 60% од буџетот за компани со над 50 вработени и годишен приход од 2 до 10 милиони евра во последните две години

Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2021 и 2020 година.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РС Македонија;
  • нема ограничување во поглед на староста на претпријатието;
  • годишните приходи на компанијата да не надминуваат 10 милиони евра, а просечниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две години;
  • компании кои се основани пред повеќе од 3 години да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за 2021 година;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација против претпријатието кое аплицира, да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 17.11.2022 година, до 14.00 часот.

За подготовка на апликации и повеќе информации може да не контактирате на телефонските броеви:
071 285 385
070 267 789

или на e-mail: [email protected]

ПРИФАТЛИВИ АКТИВНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

  • истражување и развој;
  • тестирање;
  • активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;
  • дизајн;
  • развој на пилот линии;
  • активности поврзани со обезбедување квалитет;
  • активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот)

ПОДОБНИ ТРОШОЦИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

  • бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот
  • набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
  • поддоговорнии услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
  • ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • ангажирање на консултанти за останати потреби дирекно поврзани со очекуваните резултати на проектот (експертиза поврзана со иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
  • подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;
  • трошоци за маркетинг;
  • канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административна помош) во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.

Обврска за плаќање на ројалти

Секое плаќање на ројалти се врши по стапка од 5% од годишниот приход на корисникот остварен со продажба на производот / услугата кои се резултат на проектот, до остварување на поврат на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од пет години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

Во случај доколку за времетраењето на проектот, а сѐ до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститор кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти. Како доказ за направената инвестиција ќе се смета договор, тековна состојба и доказ за направена уплата на инвестицијата.

Со оглед на тоа што кај овој инструмент на ФИТР е клучна иновативноста, најчесто поставувано прашање од страна на потенцијалните апликанти е што вусшност претставува иновација и какви проекти се подобни за финансирање.

Што е иновација?

Иновација претставува воведување на нов или значително подобрен производ, услуга или процес. Со други зборови, не мора да се измисли нешто ново, туку да се воведе нешто кое го нема на нашиот пазар.

Што е иновативен производ, услуга или процес?

Производ и услуга – кои ги нема на нашиот пазар или се значително подобрени од она што во моментот се нуди на пазарот.

Процес – иновација во производството на еден продукт, без разлика дали самиот производ е иновативен.

Какви проекти финансира Фондот за иновации?

Согласно критериумите за евалуација на предлог проекти од страна на ФИТР се финансираат иновации чија потреба е јасно дефинирана. Поддржаниот проект треба да резултира со производ, процес или услуга што се подобри од алтернативните решенија на пазарот, а самата иновација да придонесе за значајно подобрување на работењето на компанијата и секторот во кој работи.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци
Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
Иротова – Лазарева: Државата ќе врши набавка и ќе им ги доделува механизацијата и тракторите на земјоделците
Таг:апликациибизнис секторбизнисменигрантнајновоповиктехнолошки развојФИТРфонд за иновации
Претходен напис Ковачевски од Прилеп: Ја зголемуваме цената на тутунот по класи, 300 денари за килограм од прва класа!
Следен напис Времето денеска сончево и релативно топло со слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?