Во рамките на одбележувањето на заштитникот на градот Радовиш Свети Спасо Радовишки за прв пат беше организирана и манифестацијата МЕДЕН РАДОВИШ на која пчеларите имаа можност да изложат мед и други производи од мед на посебни штандови за да можат радовишани да дегустираат но и да си купат. Пчеларите ја поздравија ваквата манифестација на која можеа да го промовираат медот како значајна гранка која во последно време се повеќе зема замав во Радовиш.
Оваа манифестација е на иницијатива на Здруженеито на пчелари кое брои околу 60-тина членови а поддржана од Општина Радовиш и Министерството за земјоделие. Освен мед и производи од мед беше презентиран и друга здрава и еколошка храна со која се претстави Општина Конче како сушен зеленчук и овошје, лешници и друго. Тие се претставија и со грнчарски производи занает кој е во изумирање.





Извор – Медиапрес