Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По вчерашната објава за штетите од сушата, од здружението „Напредни лозари“ најавија „замрзнување“ на активностите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По вчерашната објава за штетите од сушата, од здружението „Напредни лозари“ најавија „замрзнување“ на активностите
Агровести

По вчерашната објава за штетите од сушата, од здружението „Напредни лозари“ најавија „замрзнување“ на активностите

Објавено 19/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани производители на грозје, почитувани сограѓани!

По нашата вчерашна објава со која ве запознавме со заклучоците од состанокот на УО на ЗЛ „НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ за штетите настанати со сушата и вашите реакции на истата, дојдовме до заклучок дека ова здружение такво какво што е конципирано и форматирано го нема потребниот кредибилитет и легитимитет да ве застапува па од тие причини ги „замрзнува“ сите свои активности.

Само ќе ве потсетиме: Благодарение на ЗЛ „НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ се обесштетени сите лозари кои имаа побарувања во „Петра“ и „Повардарие“.

Благодарение на ЗЛ „НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ ланската година е сепак откупено цело грозје на име на грозје за вино и грозје за вински дестилат.

Благодарение на ЗЛ „НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ сите лозари кои предадоа грозје за вински дестилат, покрај редовните субвенции од Владата беа обештетени и со дополнителни средства кои изнесуваа вкупно 8 денари на килограм грозје плус 3 – 4 денари од откупувачот.

Можеби овие работи и не се толку многу за фалење, ама не се ништо.

Во ни еден момент ЗЛ „НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ не делуваше во ничиј друг, ни политички, ни партиски а ни личен интерес освен во интерес на лозарите. Сите оние кои тврдат спротивно се злобни манипулатори и нечии партиски слуги.

Затоа што ЗЛ „НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ ги замрзнува своите активности, смета дека нема потреба од обзнанување на предвидените мерки за борба за попристојни цени на откупот на грозјето, а како последна препорака Ви порачува: Почитувани граѓани не си го потценувајте својот производ и не го давајте за мизерни откупни цени. Особено и поради сушата, оваа година не смее да биде откупен ни еден грозд смедеревка под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје не смее да се откупува по цена под 30 денари. Необезбедувањето на овие откупни цени ќе претставува крај на лозарската приказна во Тиквешијата онаква каква што ја познаваме. Лозови насади пак ќе има, ама ние ќе мора да одиме како аргати на тие лозови насади…

Фејсбук статус на Здружението „Напредни лозари“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:здружениелозаринапредни лозарисограѓани
Претходен напис Сушата го уништи родот во лозјата – велат од „Напредни лозари”
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?