Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По минатогодишното одложување, Dubai Expo ги отвора вратите во октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > По минатогодишното одложување, Dubai Expo ги отвора вратите во октомври
Саеми и манифестации

По минатогодишното одложување, Dubai Expo ги отвора вратите во октомври

Објавено 03/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

World Expo е една од најстарите и најголемите меѓународни манифестации во светот, што се одржува на секои пет години и трае шест месеци. Оваа година ќе се одржи во најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати – Дубаи.

Иако беше планиран за 2020 година, поради пандемијата мораше да се одложи. Сепак, организаторите објавија дека оваа година Dubai Expo ќе се одржи од 1 октомври 2021 до 31 март 2022 година под наслов „Поврзување на умовите, создавање на иднината“. На изложбата ќе се претстават повеќе од 190 земји, а се очекува да привлече повеќе од 25 милиони посетители.

Стопанската комора на овој град, која е задолжена за организирање активности и деловно вмрежување со локалните емиратски компании, дефинираше одредени тематски недели. Кога станува збор за земјоделството, најважната недела е од 17 до 23 февруари 2022 година, кога ќе се одржи саем наречен „Храната, земјоделството и постоењето“.

Уште една важна работа за овој сектор е изложбата за климата и биодиверзитетот, која ќе се одржи од 3 до 9 октомври оваа година. Ќе ги опфати климатските промени, кружната економија, регионите во ризик, зачувувањето на биолошката разновидност, обновливите извори на енергија и слично. Тематската недела е исто така интересна, со акцент на урбаниот и руралниот развој, што се планира од 31 октомври до 6 ноември 2021 година, кога ќе бидат презентирани паметни решенија за вода, електрична енергија, управување со отпад итн. Повеќе информации за управувањето со водните ресурси, екосистемот и прочистувањето на водата ќе бидат достапни на изложбата, која ќе се одржи од 20 до 26 март следната година.

За повеќе информации, посетете ја нивната официјална веб-страница.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:Dubai ExpoWorld Expo
Претходен напис Пожарите локализирани, но и натаму активни, се ангажира војската и хеликоптери за гасење
Следен напис Воведена целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?